• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Необична пракса на една берлинска градинка: три месеци годишно без играчки
Необична пракса на една берлинска градинка: три месеци годишно без играчки

Необична пракса на една берлинска градинка: три месеци годишно без играчки

Иако ваквата пракса на некој може да му изгледа престрога, од управата на градинката наведуваат како зад неа стои важен педагошки чин.

The Atlantic ја пренесува приказната на една мајка со американско потекло, за искуствата која нејзините деца ги имале во една берлинска градинка, каде уште од девеесетите години од минатиот век се практикува “сезона без играчки”, која трае три месеци.

Децата и родителите однапред се известуваат за почетокот на сезоната без играчки. После тоа, децата заедно со воспитувачките, ги одстрануваат сите видови на играчки, дури и друштвените игри, а воспитувачките времето поминато со нив го ограничуваат само на набљудување, без сугерирање што децата треба да прават или што да си играат.

Иако на некој оваа пракса може да му изгледа како престрога, тие наведуваат како позади неа стои важен педагошки чин: да се развиваат животни вештини кои ќе им помогнат на децата да се изборат со било какви навики на зависност кои можат да ги имаат во иднина.

Кога немаат играчки децата се во состојба да развиваат сопствени идеи и да смислат сопствени игри. Повеќе време поминуваат заедно, а воедно работат и на зајакнување на разбирањето на сопственото однесување, како и на емпатија, креативност и критичко размислување, решавање на проблеми и исправање на грешки, се наведува во изјавата која ја дала Елизабет Заиферт, директорка на минхенската невладина организација Aktion Jugendshutz, која го промовира овој проект.

Идејата за оваа иницијатива се развила уште во осумдесетите години, во склоп на една студиска група која се бавела со зависност и чии членови работеле со возрасни личности кои биле зависници. Во тој период дошле до сознанија дека за многу од нив формирањето на зависнички навики започнало уште во детството. Поради тоа одлучиле да ја организираат оваа иницијатива во градинките, со деца од три до шест години, така што ќе отстранат работи кои децата најчесто ги користат како би се скренало внимание од негативните чувства кои можат да ги имаат во одреден момент.

Јасно е дека проектот наишол на негодување – 1997 година, конзервативниот магазин Фокус објавил мислење на неколку психолози кои оваа метода ја нарекле погрешна, поради недостатокот на научни докази и поради верување како таа е стресна за децата.

Ханс Могел, професор од Универзитетот Пасау, дури и тврдел дека таа може да се смета за еден вид на злоупотреба на децата.

Проектот наишол на негодување и на родителите, после што периодот од три месеци е заменет со период од шест недели, и не во зима, туку во пролет, кога децата училниците ги менувале со излети во шума.

Денеска најчесто се одредува еден ден во неделата кога нема играчки, а проектот се спроведува и во Австрија и Швајцарија.

Студиите кои се подоцна спроведени, како тие на авторката Ане Винтер во магазинот Pravention или студијата од 1998 година која ја спровел австрискиот институт ОИБФ, наведуваат дека децата кои учествувале во овие проекти покажале поголемо ниво на друштвена интеракција, креативност, емпатија и вештина на комуницирање.