ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Необични имиња за децата – Размислете уште еднаш
    Необични имиња за децата – Размислете уште еднаш

    Необични имиња за децата – Размислете уште еднаш

    Необичните имиња за децата се попопуларни од било кога.

    Домашните и странските ѕвезди се натпреваруваат во тоа кој ќе смисли пооргинално име, па и “обичниот” свет го прифати овој тренд. Нормално нема ништо лошо во тоа на детето да му дадете необично име, или сосема уникатно име.

    Никој од нас не сака детето да има исто име со уште три други деца во класот. Меѓутоа, можеби би било добро да размислите уште еднаш пред на детето да му дадете име кое тешко се изговара, или име кое звучи необично.

    Име кое е премногу различно може да има негативен ефект на вашето дете подоцна во животот.

    Истражувањето од 2012 година, кое е спроведено на Викторија Универзитетот во Нов Зеланд, покажа дека луѓето имаат повеќе доверба во личности со обични имиња кои лесно се изговараат. Обратно, се покажа дека колку личноста има понеобично име луѓето према нејзе се неповерливи.

    За да го установат ова истражувачите собраа имиња од различни делови на светот и ги замолија учесниците, само на основа на имињата, да оценат колку личностите се опасни или ризични.

    Учесниците личностите со комплицирани и необични имиња ги оценија како поопасни и поризични од оние кои имаат вообичаени имиња и лесни за изговор.

    Во друг експеримент истражувачите споија одреден број на изјави од типот: “Жирафите се најголемите цицачи кои не можат да скокаат”  од луѓе со вообичаени и луѓе со необични имиња и побараа од учесниците да оценат дали е тоа вистина или не. Резултатите покажаа дека учесниците повеќе ги оценуваа како точни изјавите на луѓето со обични имиња.

    Нелогичноста на овој резултат истражувачите ја објаснија со тоа дека кога се среќаваме со нова информација, леснотијата или тежината со која нашиот мозок ќе ја обработи, игра голема улога во најразлични ситуации.

    Едно друго истражување покажа дека луѓето сметаат дека прехрамбените адитиви со кратки и лесни имиња се побезбедни за употреба, од оние со покомплицирани имиња кои до тогаш не ги чуле.

    На нашиот мозок поимите кои му се познати или полесни за усвојување, му делуваат побезбедно, додека новите и тешки за усвојување му претставуваат сигнал за опасност.