Необични симптоми на бременост
Необични симптоми на бременост
Доколку во текот на бременоста имате проблеми со носот, гласот, соновите, кожата и слично, нема причина за страв. Поглемиот број на симптоми од бременоста се потполно не-ризични по здравјето на мајката и бебето.
Листата на сите необични симптоми за бременоста е подолга, а ние ви ги претставуваме неколку од нив.
1. Трундички сонови
Овие сонови делуваат прилично реално поради што умеат да бидат многу застрашувачки.
2. Течење на нос
Овој симптон не е посебно редок, но ги загрижува поголемиот број на трудници. Поради пореметувањето на работата на хормоните, слузокожата на носот понекогаш отекува и се зголемува производствот на слуз.
3. Крварење на непцата
Во текот на бременоста, протокот на крв е брз, а во текот на бремоноста знае да се јави и периодонитис, поради што се појавуваат бактерии во непцата.
4. Длабок и рапав глас
Потполно е нормална појавата, на трудници да им отечат гласните жици, со што повремено се менува бојата на гласот. Оваа необична појава може да потрае до породувањето.
5. Крварење од нос
Баш како и слушајот со течење на носот (секрет), оваа исто така необична појава се случува поради хормонски промени.
6. Промена на кожата
Доколку кожата ви е местимично потемна или црвена, или на стомакот ви се појави темна линија (linea negra), не грижете се. Тоа е потполно нормален симптом за бременост.
7. Отечени стапала
Овој релативно познат симптом може да биде потполно не-ризичен, но не е невозможно да е индикатор за прееклампсија.
8.Често мокрење
Доколку случајно имате гасови или приметите инконтиненција (несакано мокрење) а најчесто тоа се случува додека се смеете или кашлате, нема простор за паника.