ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Несоницата ги мачи и бебињата
    Несоницата ги мачи и бебињата

    Несоницата ги мачи и бебињата

    Исто како што возрасните имаат мака со сонот, така и бебињата може да го имаат истиот проблем

    Исто како возрасните и децата може да имаат лош сон, па тоа може да им се случи и на бебињата. Лекарите утврдиле дека личностите кои не спиеле добро како новороденчиња, подоцна стануваат агресивни и три пати повеќе имаат склоност кон деструктивно однесување. Полесно се заморуваат и немаат добра концентрација.

    Затоа е многу важно децата да имаат здрав сон и дење и ноќе. Несоницата е причина за лошо расположение кај децата и кај родителите, а децата кои патат од инсомнија повеќе се караат со мајката. Сонот на бебето може да се зацврсти, ако примените некој од овие совети на стручните лица.

    Безгрижниот сон нема цена

    Ако бебето плаче ноќе без причина, би требало да го пуштите, затоа што после две три ноќи ќе престане. Ова не делува едноставно, затоа што на родителите им се чини дека бебето плаче со часови. Меѓутоа, стручните лица тврдат дека тоа е субјективно чувство на грижата на мајката и таткото, а плачењето најчесто престанува после половина час.

    Проблемот на будење со плачење навечер се јавува помеѓу шестиот и осумнаесетиот месец, како последица на страв од одвојување. Решението е во тоа еден од родителите да седи покрај креветчето и во темнината да му шепоти смирувачки зборови на бебето.

    Малото бебе нема да ги разбере, но веднаш ќе го препознае тивкиот глас на мајката или на таткото, што брзо ќе го однесе во царството на сонот.

    Добриот сон е од голема важност за правилниот развојот на детето, затоа дајте се од себе да му помогнете  на бебето полесно да заспие.