Невообичаени желби за храна за време на бременоста
Бременоста и исхраната
Нормално е вкусот да се промени целосно за време на бременоста. Може да настане поради хормонални промени, но исто така како резултат на метаболички промени и барања за дополнителни калории. Некои студии дури покажуваат дека кај иста бремена жена од триместар во триместар, желбата за одреден вид на храна се менува.
Најчеста храна за бремени жени се: кисели крставички, солени закуски и овошје.
Не е невообичаено да имате желба за брза храна и екстра сол. Бидете особено внимателни во овој случај,да внесувате доволно вода што е неопходна за телото. А, всушност, можеби ќе имате желба да јадете нешто сосема друго.
Задоволувајте ги вашите желби се додека вашата телесна тежина се зголемува во дозволените граници. Имајте мерка, па ако јадете чоколада, јадете неколку коцки или малку мини чоколада, а не цела табла. Се додека имате контрола, нема да морате целосно да се откажете од ништо, и ќе уживате во бременоста и ќе добиете задоволителен број на килограми.
Честопати, жената ја изразува желбата да јаде сурова храна, како што се рибите или јајцата. Бидете сигурни да се избегне овој вид на храна, така што да не сте во ситуација да си наштетите на себе или на бебето.
Може да се случи дури и бремената жена да има бизарни желби како да јаде нечистотија или креда. Консултирајте се со вашиот лекар. Понекогаш овие желби се знак на анемија или недостаток на некои минерали.