Ноќно будење
Бебето може да се буди среде ноќ од најразлични причини. Бебињата располагаат со различни видиови плач за различни проблеми, родителите треба да научат да го толкуваат детското плачење.
Најчести поводи за ноќно будење се глад, мокри пелени и промени во дневниот распоред. Елиминирајте ги овие причини, а ако и понатаму не можете да утврдите зошто бебето е будно, земете ги предвид и следниве можности.
Скокови во развојот: Кај повеќето бебиња се забележуваат скокови во развојот (нагло зголемување на телесната маса) на возраст од 10 дена, 3 недели, 6 недели, 3 месеци и 6 месеци. Во текот на овие периоди, може да се случи бебето да биде немирно и да му се зголеми апетитот, особено ноќе. Ваквите скокови, што траат околу 72 часа, се важен составен дел од растот на бебето и не може да се влијае на нив. Нахранете го бебето по потреба, а потоа реактивирајте го режимот за спиење.
Пресвртници: Следниот вид на ноќно будење се случува откако бебето ќе научи некоја нова вештина, на пр. да станува, да ползи или да оди. Можно е бебето да се буди неколкупати во текот на ноќта со желба да ги вежба новите вештини.
Здравствени причини: Некои симптоми на болест (треска, кашлица, затнат нос) ќе го попречат редовниот режим на спиење на бебето. Други здравствени промени, како што е никнувањето на заби, исто така може да го вознемират детскиот сон. Ова се мали маани во функционирањето на бебето што родителите нема да може да ги ресетираат. Се што може да сторите е да му дадете нега на бебето и да ги третирате здравствените проблеми во рамките на можностите.Обратете се до педијатарот за тоа дали да му дадете една ноќна доза антихистамин за да се стапи во режим на спиење.