ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Нов скандал во скопска градинка
    Нов скандал во скопска градинка

    Нов скандал во скопска градинка

    Нов случај за непристојно однесување во градинките. 

    Во градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче, две негователки грубо се однесувале кон децата. Тие ги затворале во шкафче и им велеле да ги јадат бубачките.

    Овој случај за „Фокус“ го раскажува мајката Маја Ѓеорѓиева, чија ќерка е на возраст од три години и оди во оваа градинка.

    -Тоа што се случува во градинката е навистина страшно. Пред извесно време, мојата ќерка била удрена со боичка по главата. Останатите кои биле темпераментни, биле затворани во шкафче, да ги јадат бубачките, раскажува Маја.

    Мајката вели дека нејзината ќерка со страв оди во градинка поради третманот кој го добива од страна на негувателките и учителките.

    -Во една ситуација, мојата ќерка била тепана од негователките, поради тоа што се спуштила од креветче и при тоа, устата и ја затвориле за да не се слуша кај што плаче. Минатата среда беше толку истрауматизирана, што во раце ми спиеше, додава Ѓеорѓиева.

    Маја испратила и писмо до Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром.

    babyshopmk, babyshop, gradinka

    Мајката на девојчето добила одговор од градинката кој гласел :

    bubamara, babyshop, babyshopmk

    До кога ќе бидеме сведоци на вакви ситуации останува само да видиме и да се надеваме на што помалку. Но кој е крив за ваквите скандали? Општеството, малите плати, големи очекувања од страна на родителите, лоши негувателки ??? Останува да видиме.