• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Новата породилна техника стигна во Хрватска: Француски царски рез
Новата породилна техника стигна во Хрватска: Француски царски рез

Новата породилна техника стигна во Хрватска: Француски царски рез

После ваквото породување жената побрзо закрепнува, а притоа може да учествува во самото породување.

Мајката Бернарда ја роди ќеркичката Лара на 12 Август со француски царски рез. Благодарејќи на оваа нова метода на породување, веќе вториот ден се чувствуваше одлично.

“Можам да се движам одлично, болките се сосема минимални“, кажа мајката Бернарда Дукше за ХРТ.

Речиси секое трето дете во Хрватска се раѓа со царски рез. Компликациите се ретки, но сепак се случуваат, а закрепнувањето е долготрајно и болно. Новата метода француски царски рез е помалку болна и жените после неа се поподвижни. Миленка само неколку часа после породувањето застана на нозе.

“После класичниот царски рез не можев ниту да зборувам ниту да седам, едноставно само спиев. Болката е многу помала отколку кај класичниот царски рез и мислам дека сум во многу подобра форма“, опиша мајката Миленка Вене.

Како пренесува ХРТ, во Хрватска оваа метода ја изведуваат само двајца лекари од загребскиот КБЦ Сестри милосрдници, кои шест месеци се едуцирале во Париз. Позната е и како минимално инвазивна. Нема влез во стомакот, нема катетар и помала е можноста за компликации.

“Шиењето само на матката е со кружна техника, а не рамна, и така се постигнува подобра и поквалитетена лузна на самата матка. Шиењето и адаптацијата на кожата е со ткивен лепак а не со конци“, појаснува др. Озрен Гргич, раководител на оделението за патологија и бременост при КБЦ Сестри милосрдници.

Самата мајка активно учествува во породувањето.

“Она што сега ми беше најдраго е тоа што јас исто така учествував во породувањето“, додава мајката Дукше.

Сепак овој царски рез не е препорачлив за сите трудници и не може да го замени класичниот, па со таа метода во Хрватска на свет дојдоа 40 бебиња.

“Тоа се случаи ако жената има големо дете, ако е адипозна, ако има некои медицински проблеми, ако се работи за итен царски рез во кој треба многу брзо да се дојде до детето“, истакнува претседателката на Клиниката за гинекологија и акушерство при КБЦ Сестри милосрдници.

Лекарите од КБЦ Сестри милосрдници наскоро патуваат на дополнително усовршување, а во план е и едукација на другите колеги.