• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Нови наспроти стари правила за вашите новороденчиња
Нови наспроти стари правила за вашите новороденчиња

Нови наспроти стари правила за вашите новороденчиња

Нови наспроти стари правила за вашите новороденчиња

Доколку неодамна сте станале родители, многу е важно да бидете во тек со актуелните препораки кои се однесуваат на вашето бебе. Еве што би требало да знаете:

1. Седиште во кола

– Старо правило
Бебето треба да седи со лицето према седиштето на автомобилот до својот прв роденден.

– Ново правило
Бебето треба да седи со лицето према седиштето на автомобилот најкратко до својата втора година.


2. Нови правила и во породилната сала

– Старо правило
Индукцијата може да се прави во 37 недела од бременоста
– Ново правило
Освен ако не постои некоја здравствена причина, најдобро е да почекате најмалку до 39 недела.

3. Цуцли

– Старо правило
Избегавајте ги цуцлите, бидејќи можат да влијаат на доењето.
– Ново правило
Оставете го бебето да спие со цуцла, па дури и кога редовно доите.