• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Образовни програми за храната која децата ја добиваат во училиштата
Образовни програми за храната која децата ја добиваат во училиштата

Образовни програми за храната која децата ја добиваат во училиштата

Европското семејство се грижи за здравјето на учениците. За да го подобри квалитетот на храната која ја добиваат децата во училишните кујни, ЕУ продолжува и оваа година да доделува средства за обезбедување на млеко, овошје и зеленчук во училиштата.Како и секоја година, буџетот за оваа намена изнесува 150 милиони евра за овошје и зеленчук и 100 милиони евра за млеко и млечни производи. Средствата, исто така, служат за образовни програми, со кои учениците ја учат важноста на добрата исхрана и начините за производство на храна.

hrana, deca,babyshop, babyshopmk

За оваа учебна година, програмата ќе опфати над 30 милиони деца во ЕУ. Земјите од заедницата имаат слобода да го дополнат овој буџет со национални средства, како и сами да ги определат видовите на овошје, зеленчук и млечни производи што им се даваат на децата.

Преземено од www.kulturno.mk