Оброк во кој малечките ќе уживаат: Брокули во бешамел сос
На овој начин, малечките сигурно ќе обожаваат брокули.
Ако сакате вашите деца да јадат зеленчук, тогаш пробајте го овој рецепт за брокули.
Потребно ви е:
2 раце брокули
Кашкавал (по желба)
За бешамел:
2 лажици масло или лажица путер
Една лажица брашно
2 dl млако млеко
Сол
Припрема:
За да направите бешамел сос ставете го путерот или маслото во тавче. Кога ќе се загрее додајте брашно со константно мешање. Веднаш после брашното додајте млеко и нека се крчка на тивок оган 5-10 минути додека не се соедини. Цело време мешајте. Посолете по желба.
Броколите кратко се бланшираат, потоа се ставаат во ватростална чинија, се прелеваат со бешамел сос и преку нив се ренда кашкавал. Се запекува во рерна кратко на пет минути само за кашкавалот да фати кора.