ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Од искуствата на родителите чии деца немаат баби и дедовци: Како да се наддополни таа посебна внимателност и љубов
    Од искуствата на родителите чии деца немаат баби и дедовци: Како да се наддополни таа посебна внимателност и љубов

    Од искуствата на родителите чии деца немаат баби и дедовци: Како да се наддополни таа посебна внимателност и љубов

    На кој начин на детето можете да му створите опкружување полно со љубов и фамилијарна блискост од страна на старите и роднините, не советуваат мајките на четири деца.

    – Кога ми се роди ќерка, бев сираче. И мајка ми и татко ми починаа неколку години пред нејзиното раѓање. Малку необично но и родителите на сопругот починаа кога таа имаше две години. Сепак, навистина сакав да ја почувствува таа љубов, грижа и размазеност од страна на бабите и дедовците.

    Прво, сакав да створам врска помеѓу ќерката и моите покојни родители. Собрав фотографии и направив албум од стари форографии со наслов. Под фотографијата од мајка ми во црн сомотски фустан од педесетите напишав: “Целата е средена. Зар не е прекрасна?“ Под фотографијата од татко ми напишав “Јее обожавам кога татко ми ме фрла во воздух, баш како и ти.“

    Исто така, одржував спомени од своите родители низ фотографии кои се наоѓаат во нашиот дом, низ интересни приказни и нивните омилени изреки и совети, ги имам рачните изработки од мајка ми и редовно ги користам нејзините рецепти.

    – Стално ја пеевме песната која таткото на мојот сопруг  обожуваше да ја пее на нашата ќерка додека сеуште не беше родена. И ги читаме оние приказни пред спиење кои и нам ни ги читаа.

    Исто така, одлучив моите пријатели и фамилијата да бидат што подолго време со неа како би ја почувствувала таа љубов и би учела од нив. Многу од нив беа и второ и трето колено. Сепак, делевме многу моменти, бевме прави пријатели кои ги сакаат семејните собири и празниците.

    Првата братучедка на мајка ми Џуди, која почина после неколку години, ми беше како мајка и како баба на моето дете. А најдобрата другарка на мајка ми стана баба Лионс.

    – Откако се роди ќерка ми, сфатив дека постојат начини да го надополниме тоа што нема баба и дедо. Сите пријатели и роднини створија заштитничка околина, преполна со љубов и блискост. Таа навистина се чувствува среќно. Наместо две баби и двајца дедовци, таа ги има многу повеќе.

    Докторката Есма Фулер Томсон која е мајка на четири деца, издвои неколку совети за одгледување на деца кои немаат баби и дедовци, кои навистина може да бидат корисни.

    – Кога ќе се роди, овозможете му на детето чувство дека е дел од една голема фамилија преполна со љубов.

    – Охрабрете го детето да ствара врски со повозрасните луѓе, на пример да му помогне на комшијата да го среди дворот.

    – Нека повозрасните луѓе бидат присутни на прославите и на празниците. Охрабрете го нивното присуство во детскиот живот, затоа што тоа е навистина важно за неговиот развој.

    – Можете да одлучите заедно со детето да волонтирате во некој дом за старци или некоја организација за стари.

    – Закачете слики со роднините и зборувајте за нив. Можете да им пуштите стари филмови или снимки.

    – Забележете како детето пробува да ги имитира баба и дедо кога позира. Децата имаат чувство какви ви се емоциите за тие луѓе за кои зборувате.

    – Вклучете ја семејната традиција во секојдневниот живот, како припремањето на бабиниот посебен рецепт за пита.

    – Доколку детето се чувствува осамено затоа што сите освен него имаат баби и дедовци, покажете му дека се сложувате дека тоа не е фер. Сепак, треба да им ставите до знаење дека и тие да се сега овде би ги сакале, подржувале и би си играле со нив.

    – Покрај се, нека ви биде јасно дека постојат многу стари луѓе кои многу би сакале да негуваат дете и сонуваат да створат специјална врска со него.