ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Од искуство на една мајка: Како да го олесните спиењето во текот на бременоста?
    Од искуство на една мајка: Како да го олесните спиењето во текот на бременоста?

    Од искуство на една мајка: Како да го олесните спиењето во текот на бременоста?

    Пред да се роди бебето, помош за заспивање му треба на некој друг….да, да, а тоа е бремената мајка.
    Со чести грчеви, пауза за тоалет и ограничена позиција за спиење, невозможно е да бидете наспани посебно во текот на третото тромесечие.
    Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви го олеснат спиењето, а нема да му наштетат на бебето:
    – Избегнувајте внес на течности пред спиење
    – Ако сакате да ги избегнете грчевите, потрудете се да не правите нагли и брз потези со нозете. Во случај, сепак да ве фати грч, немојте да го виткате стапалото и прстите да ви стојат надолу, туку нагоре – ќе почувствувате олеснување.
    – Партнерот е тука да ви помогне во текот на бременоста, па немојте да се срамите понекогаш да побарате масажа на стапалата.
    Стручните лица советуваат спиење на страна, а еве и зошто.
    Спиење на десна страна
    Лежејќи на десната страна е многу подобро отколку на грб или стомак, но не е подобро од лежење на лева страна. Тоа е поради тоа што лежењето на десна страна прави притисок на црниот дроб, со што поголемиот број на доктори советуваат да се избегнува.
    Спиење на лева страна
    Докторите и бабиците препорачуваат спиење на лева страна. Оваа позиција спречува матката да врши притисок на црниот дроб, а дозволува бебето да прими количина на хранливи материи и кислорот кој му е потребен низ плацентата. Не само што ваквата положба не го ограничува протокот на крвта, туку и ја подобрува циркулацијата, што значи дека вашето тело нема да има потреба да се мачи со што би се осигурал оптимален проток на крв за вашето бебето.
    Студија спроведена во Нов Зеланд , утврдила дека спиењето на лева страна за време на бременоста исто така може да го намали ризикот од предвремено породување.
    Сепак, не постои начин да се спречите да се вртите во сон, така што не треба да се грижите околу тоа. Потрудете се да заспиете на лева страна и веќе во другиот дел од ноќта да ја поминете на таа страна, а доколку се разбудите на десно, едноставно повторно свртете се.
    Кога сте уморни и кога ви е неудобно, може да биде фрустрирачко тоа што цела ноќ мора да лежите на една иста страна, што исто така доведува до тоа потешко да заспиете. За да го избегнете тоа, пробајте да се опуштите пред одење во кревет. Истуширајте се или испијте топол чај со што ќе се релаксирате и ќе се растеретите.