• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Од родилиште излезе најмалото бебе во светот
Од родилиште излезе најмалото бебе во светот

Од родилиште излезе најмалото бебе во светот

Приказната на оваа мала Палчица е толку охрабрувачка, емоционална и посебна што мораме да кажеме дека чудата постојат. Девојчето е родено како најмалото бебе во светот во Декември минатата година во Сан Диего и сега конечно излегува од родилиштето, витална и спремна за нормален живот со својата фамилија.

Повеќето бебиња се раѓаат помеѓу 37 и 42 недела од бременоста. Но малата Saybie ја немаше таа среќа. Ова девојченце мајката го донесе на свет во 23 недела од бременоста со итен царски рез поради изненадни компликации и прееклампсија. Малечката Saybie имаше само 245 грама, исто како едно поголемо јаболко или чаша сок. Нејзината тежина беше толку мала што ги натера лекарите да им соопштат на нејзините родители дека шансите таа да ги преживее првите 24 часа се многу мали.

“Беше тоа најстрашниот ден во мојот живот” кажа мајката во видеото кое го издаде родилиштето Sharp Mary Birch Hospital во кое малечката Saybie се роди и го помина првиот месец од својот живот.

“Му рекоа на мојот сопруг дека има околу еден час со неа затоа што ќе умре” низ солзи раскажува мајката. Но тој час се претвори во два, а потоа и во ден, кој се претвори во недела.

Спрема Регистарот на најмали родени преживеани бебиња, најмалото бебе кое успеа да преживее е родено во Германија и имаше само 252 грама. Сега Saybie го превзема првото место.

Нејзините чувари, неонаталните сестри во родилиштето многу живо и емотивно говорат за Saybie за која се грижеле со месеци и на чиј и најмал напредок први се веселеле. Малечката Saybie пред неколку дена е пуштена од болница со феноменални 2450 грама.

“Таа е чудо, тоа е сигурно” заклучува медицинскиот персонал.