• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Од што зависи големината на стомакот во текот на бременоста?
Од што зависи големината на стомакот во текот на бременоста?

Од што зависи големината на стомакот во текот на бременоста?

На почетокот од бременоста матката е отприлика во големина на една круша, додека на крајот од бременоста таа е отприлика голема колку кошаркарска топка (со исклучок на близначиња). Големината на утерисот е скоро иста кај сите трудници, но стомакот се разликува кај секоја жена . 

Големината на стомакот со големината на бебето ретко има некаква поврзаност. Од жена до жена има разлика за тоа како и колку ќе се шири стомакот и кога ќе почне нагло да расте. Дали стомакот на крајот од бременоста ќе биде поголем, помал, ќе биде поголем во ширина или нанапред зависи од повеќе фактори.

Од мускулите и цврстината на ткивото 

Жените кои се занимавале со некаков спорт кои имаат затегнати стомачни мускули, стомакот многу бавно ќе им расте и обично на изглед е помал од жени кои имале помала физичка активност. Тоа е од причина што мускулите не попуштаат така лесно.Но, секако во втората бременост стомакот е нормално да е поголем од првата бременост.

Висина на жената

Кај пониските жени, бременоста најчесто се забележува порано, од причина што стомакот има помал простор да се шири нагоре и надоле-најчесто стомакот расте нанапред. Додека пак кај високите жени за се ова има поголем простор да се распредели.

Големина на стомак

Мускулите на стомак може да биде причина да стоите нанапред. Поголем стомак може да е и последица на поголема соодржина на течности во ткивото или поголема количина на плодова вода. Докторот преку ултразвук може да ја провери големината и тежината на бебето и на тој начин да процени дали е се во ред. Околу 34 недела најчесто стомакот е во висина на ребрата, затоа многу трудници неможат да земат воздух и тешко се движат со тој притисок и тежина.Во последниот период околу 4 седмици пред пораѓај ова чувство се намалува бидејќи бебето се спушта надолу и тоа ќе остави простор за подобро да дишите. Доколку треба да се породите природно обично бебето е наместено со главата надоле и бутка.