• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  ОДБИВАЊЕ НА БЕБЕТО ОД ДОЕЊЕ
ОДБИВАЊЕ НА БЕБЕТО ОД ДОЕЊЕ

ОДБИВАЊЕ НА БЕБЕТО ОД ДОЕЊЕ

Што значи да се одбие бебето од дојка?

Кога бебето ќе престане со доење и ја добива целата храна од други извори освен од градите, се смета дека е одбиено –веќе престанало да цица. Ова не важи за бебињата кои се хранат со шишенце, важи за бебиња кои во потполност  само цицале или за оние кои се хранеле комбинирано цицале и во мали количини користеле шише.

Одвикнувањето, кога е на иницијатива на мајката, бара многу трпение и може да потрае во зависност од возраста на бебето или детето, односно колку добро и брзо бебето/детето ќе се прилагоди. Искуството е различно за секого. Одвикнувањето е емоционално тешко, понекогаш и болно но во исто време и ве ослободува.

Одвикнувањето не треба да биде сигнал за крај на интимноста меѓу мајката и детето. Тоа само значи дека ќе морате да го замените доењето со друга храна односно да ги негувате другите нови активности. Ако често сте го хранеле своето дете, сега ќе морате тоа време да го исполните со некои други активност за да се чуствува подобро. Можете да му прочитате книга, да пеете заедно песнаили да си играте надвор со него.

Кога треба да почнете со одвикнување од доење?

Вие сте најдобар судија за да процените кога е правото време за вашето дете да престане да цица. Не морате да поставувате рок, треба и вие и вашето дете да сте спремни за тоа.

Светската здравствена организација препорачува мајките да ги дојат своите деца најмалку една година. Покрај тоа што пријателите, роднините па дури и некој страни лица може да кажат,не постои право и погрешно време за детето. Вие одредувате кога е правото време за тоа.

Кога да почнете со одвикнување на детето од доење?

Направете го тоа полека, без обзир на возраста на детето. Стручњаците советуваат да не престанете нагло со доењето на детето, што може да предизвика траума. На пример да отидете на викенд со својот маж далеку од детето не е добар начин да се престане со доењето.

Пробајте ги овие методи, наместо тоа:

Прескокнете еден оброк

Прескокнете го хранењето и видете што ќе се случи. Понудете му на детето наместо подој, храна со чаша или шише. Како надополнување  може да го користите своето млеко кое сте го измолзиле со пумпа, формула или кравје млеко (ако вашето дете има најмалку една година). Ако го смалите бројот на доење еден по еден, со тек на времето во период од неколку недели вашето дете ќе има време да се прилагоди. Количината на млеко во вашите гради ќе се смали, без да се створи маститис.

 

Скратете го времето на доење

Почнете да ја смалувате должината на времето кога детето ја поминува на вашите гради. Ако обично цица по пет минути, смалете го времето на три. Во зависност од неговата возраст, после доењето понудете му оброк, како на пример чаша млеко или формула. Цицањето пред спиење може да биде потешко за одвикнување и тој обично се прекинува последен.

Одложете  го оброкот или оттргнете го вниманието на детето од цицање

Пробајте со одложување на доењето, ако доите само неколку пати на ден. Оваа метода е добра ако детето е повозрасно па може да ја  разбере причината. Ако вашето дете прашува за цицање, образложете му дека ќе го нахраните после. Наместо доење во раните вечерни часови, можете да му кажете да почека до пред спиење.

Што да се направи кога одвикнувањето од цицање ќе стане борба?

Ако сте пробале се за да го одвикнете детето и ниеден метод не е успешен, можеби не е дојдено правото време. Дали во скоро време сте се вратиле на работа? Вашето дете може се уште се прилагодува на овој настан. Дали вашето дете било болно? Често децата  кои не се чувствуваат добро сакаат да цицаат  почесто, доењето може да биде многу добро за болното дете.  Дали вашето домаќинство поминува низ голема животна промена, како на пример преселување или развод?

Ваквите настани ќе го отежнат многу одвикнувањето. Дури и преминот низ нов развоен стадиум може да го направи тежок тој обид.

Пробајте повторно за еден месец. Порано или покасно ќе успеете.