
Одење на гости со вашето бебе? Еве што да правите со бебето
Кога ќе пристигнете на прославата, пронајдете некој тивок простор – рај каде што ќе може да избегате ако е потребно. Кога ќе се процени дека на вашето дете му е довоолно од се, едноставно повлечете се во тој тивок агол.
Бебе на гости
Менување на пелени во друг дом
Е вистинска мала авантура во која сигурно ќе се снајдете, се што ви треба е простор на креветот или каучот, каде што нема да им сметате на луѓето. Секогаш носете неколку кеси за да ги завиткате валканите пелени.
Силен парфем кој детето “го мириса” од возрасните
Муслин ќебиња се голема заштита од парфем, особено оние силни миризби кои можат да ја иритираат чувствителната кожа на бебето. Земете неколку од нив во бебе торбата, а во едно од нив завиткајте го бебето кога ќе му го подадете на некој кој има силен мирис.
Доење дете пред голем број на луѓе
Денес на пазарот има голем број на производи со кои може да ги покриете градите кога доите- како шалови и наметки. Ако сепак ви е срам да доите во јавноста, најдете мирен агол или соба каде што удобно може да се сместите и да го нахраните бебето.
Спиење во нова соба
Ако одите на гости кај роднини и планирате да ја поминете ноќта надвор од својот дом, со вас понесете ја вообичаената постелнина и играчките на бебето. Познатите работи ќе му помогнат на вашето дете да се смири и да се снајде во непознатиот простор.