• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Одење на прсти
Одење на прсти

Одење на прсти

Кога мало девојче речиси нон-стоп оди на прсти, некој сигурно ќе каже “Гледајте, родена балерина”. Мало момче, кое исто така оди на прсти, никој нема да го наречебалетан, но нема, како и неговатаврсничка, да го однесатна лекар. А би требало.

Во повеќето случаи, педијатарот ќе може да утврди дали одењето на прсти е резултат на болест, бавен развој, вродено скратување на тетивата или вашето здраво дете едноставно решило да оди така.

Одењето на прсти се јавува кај пет до дванаесет проценти здрави деца, а малку почесто кај оние кои се предвреме родени. Ако детето е помладо од две години и само повремено оди на прсти, почекајте оваа фаза да помине, но ако постојано оди на овој начин, обидете тоа да го поправите.

Ваквиот од може да доведе до скратување на мускулите на задната страна на потколеницата, до болка во тетивите, нерамнотежа, замор и болка во нозете.

Во повеќето случаи проблемот може да се реши преку игра и забава. Додека времето не се подобри, користете го секој момент дома за вежби каде детето ќе ужива – работете заедно на клекнување, обидете се да стоите на една нога што е можно подолго, одржувајте рамнотежа на две нозе, но со затворени очи. Кога ќе се стопли, излезете надвор и вежбајте скокање на една нога, прескокнување пречки, да трчате, да се качувате … Важно е да го правите ова заедно со вашето дете за да го исправите ако почне да оди на прсти.

Иако на вашето дете веројатно нема да му бидат потребни специјални ортопедски чевли, обидете се да му обезбедите соодветна обувка што ќе го “натера” да се ослони на цело стапало.

Чевлите се подобра опција отколку патиките, но во двата случаи важно е чевлите да имаат средно тврд ѓон што овозможува нормално свиткување на стапалото при одење. Скочниот зглоб треба да биде фиксиран, бидејќи детето во тој случај потешко ќе се подига на прсти.

Меѓутоа, ако проблемот не се реши или барем не се ублажи во рок од два или три месеци, задолжително побарајте помош од ортопед и физиотерапевт, бидејќи секоја терапија дава подобри резултати ако се започне навреме.