“Одгледуваме ли саможивни егоманијаци?” – Текст на мајка која стана вистински хит!
“Одгледуваме ли саможивни егоманијаци?”
Тексот на една мајка од Хрватска во кој се изнесени методите на воспитивање некогаш и денес стана вистински Хит. Овој текст е објавен на бологот mamajasamgladan.com, а на Facebook веќе го споделиле повеќе од 10.000 луѓе.
Авторката на текстот спомнува дека не завзема ниедна страна едноставно текстот е настанат поради размислувањето како да се пронајде златната средина. Еве и зошто овој текст стана толку голем хит.
“Моето детство беше во седумдесетите и осумдесетите …мама, тато, пет години постариот брат и јас. Не се сеќавам дека родителите си играле со мене. Имав играчки и ги поминував часовите во светот на имагинацијата и фантазијата. Мајка ми готвеше постојано. Се занимаваше со куќните обврски.
Нити сум сакала ниту пак сум барала да си играме заедно. Затоа веројатно и денес имам бујна фантазија во моменти на самотија. Во текот на летото по цел ден бевме на улица, скокавме, игравме но и времето за ручек, вечера и спиење секогаш се знаеше. Кога ни доаѓаа гости, се знаеше дека децата, освен за време на јадењето, нема зошто да седат со возразните.
Ајде, деца, во соба!
И ни беше супер, одлично се забавувавме. Не знам ниту пак сум слушнала некогаш некоја тема на која дискутираат постарите. Воопшто не ме интересирало. Кога одевме на гости, домаќините ќе ни понудеа колачи, а јас веќе пуштам рака за да го земам третиот по ред колач, мајка ми со поглед ќе ме предупреди дека е доста, а јас во истиот момент ја враќам раката назад. Останата ми е ситуација во главата до ден денес:
“Не дојдовме да се најадеме, пристојно ќе земеш парче-две и ќе станеш!”
Така и денес со внимателност гледам на луѓето кои брзаат на шведската маса на некој настан. Не сме плачеле, нити пак вриштеле кога ни било досадно. Ако ни падне на памет, одговорот би бил: “застани.” Се забавувавме. Ух, како ни работеше фантазијата…
Бевме чисти, уредни, пристојни, можевме да се контролираме кога требаше да бидеме тивки, а и тоа како активни како да не пуштиле од ланец.
Јадевме се. Не постоеа прашања: Сакаш ли? Никогаш.
Одевме таму каде што ќе ни кажат родителите…и ни беше забавно…секогаш.
Се веселевме на излетите на кои редовно одевме за викенд и патувавме на море. Татко ми работеше, а мајка ми беше дома, се грижеше за храната, чистењето во домот, слушаше и бодреше. Беше авторитет, никако пријател.
Подоцна, кога детството прерасна во адолесценција, беше човек на кој можеш да се потпреш, психолог, советник, критичар, поддршка. Се по потреба. Разговараше со нас за проблемите, не тешеше. Знаеше да ја препознае секоја емоција и ништо од неа не можев да сокријам.
Ни беше пријател и тоа го нагласувам за да не се збунам.Секое непочитување на постарите, се казнуваше по рака или по задник. Без објаснувања, разговори. Си навредил постаро лице, шамар. Па ти навреди и биди безобразен и следниот пат. Плазење на јазик, погрдни зборови…повторно оној претходно споменат поглед на мајка ми….
Не сметам дека било иделано…по излегувањето во сабота, татко ми ме будеше во 9 за да помогнам во чистење на станот. По 10 минути зборување на телефон ми викаше да прекинам и да се најдам во четири очи ако сакам да разговарам. Ограничените излегувања бескрајно ми одеа на живци.
Никогаш дома немав дојдено пијана, не ми ни паднало на памет.
Времето роди нови генерации на родители. Бескрајно толерантни, они кои го поддржуваат пријателскиот однос со децата и тоа им е баш кул…
Немојте погрешно да ме разберете, промените се потребни, би рекла и нужни, но имам чувство дека сме отишле од една крајност во друга.
Поради сопствен бунт или инат?
Не знам, но покрај нашите родители и ние претеравме, само на потполно поинаков начин. Го допревме дното на друга крајност.
Почнавме да водиме филозофски расправи со двегодишни деца, гледаме на децата како на статусен симбол,како нов автомобил, па ги облакаме, дотеруваме, покажуваме, се фалиме.
Моментално децата се центар на внимание, седат на чело на столот, бираат каде ќе седнат и тоа им се одобрува.
Децата ги слушаат разговорите на возрасните, упаднуваат во збор, водат главен збор и ја имаат главната тема на разговор Секако, секогаш водени во суперлатив…Моето малечко е вакво, мојата малечка е уште подобра…децата доаѓаат на гости со реченицата “Јас сум гладен/гладна”, па ќе ти го извадат цел фрижидер додека родителите се смеат. Децата константно се забавуваат, не знаат сами да си играат па те влечат за рака и бараат внимание. Ако не им дадеш доволно внимание почнуваат да вриштат, па целото семејство учествува во смирувањето.