ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Одговори на трудници: Уживајте во сексот сите 9 месеци
    Одговори на трудници: Уживајте во сексот сите 9 месеци

    Одговори на трудници: Уживајте во сексот сите 9 месеци

    Поголемиот број на парови во текот на бременоста имаат желба за секс, што е сосема нормално, како што се нормални и стравовите од спонтан абортус, повреда, инфекција и повредување на бебето. Повелете одговори на сите прашања!
    Како во текот на бременоста се менува желбата за секс?
    Трудниците имаат различни потреби за интимни односи. Во првото тромесечие желбата за секс а исклучително изразена бидејќи трудниците се најсензитивни, уморни, исцрпени од мачнени и повраќање, преосетливи гради…Во текот на второто тромесечје, под влијание на поголема циркулација и зголемен прилив на крв во гениталиите, желбата за секс расте. Трудниците повеќе не се така уплашени, нивото на естроген расте, преосетливоста на градите станува малку непријатна, што позитивно го одржува либидото.
    Во последниото тромесечје, стомакот расте, така што на многу од жените им претставува физичка препрека за водење на љубов.
    Зошто е добро да се води љубов во текот на бременоста? Кои се благодетите за жената, во физичка и емоционална смисла.
    Интимноста овозможува да ја изразите меѓусебната љубов и да да покажете колку се грижите еден за друг. Физичката блискост може да ја зголеми вашата емоционална врска. Нежна масажа, мазење и љубење ќе ви помогне полесно да ги прифатите новонастанатите промени во бременоста, а на вашиот партне ќе му овозможите да ви покаже колку му е стало до вас.
    Дали сексот во бременоста може да предизвика спонтан абортус?
    Доколку се работи за високоризична бременоста која е пропратена со крварење, отворено грло во матката, лошо всадена постелка или пак некоја инфекција, спонтаниот абортус е возможен. Ако вашата бременост е нормална без присуство на компликации, слободно можете да уживате во водењето љубов.
    Дали сексот може да му наштети на бебето?
    Вашето бебе е заштитено во матката и сексот не може да наштети. Меѓутоа во случаи на високоризична бременост, ако постојат инфекции, крварења или проблем со грлото на матката и доколку во постелката е ниско всадена, веројатноста од спонтан абортус е зголемена, а тоа може да го загрози бебето.
    Кои пози се најсигурни?
    Се додека вам ви прија, секоја поза е добра. Како вашата бременост ќе напредува, експериментирајте и дознајте што најмногу ви одговара. Во почетокот на бременоста сите пози се применливи, но при крај бидете малку внимателни. Советуваме бочна положба. Лежете на страна и вие и вашиот партнер. Оваа поза се препорачува поради тоа што оневозможува длабока пенетрација, што треба да се одбегнува во подоцнежната бременост. Доколку пак водите љубов лице на лице, ви предлагам поза во која жената седи на партнерската карлица.
    Дали оралниот и аналниот секс се безбедни?
    Ако имате постојан партнер, оралниот секс е потполно безбеден. Меѓутоа, ако вашиот партнер има херпес, постои голем ризик од преносуваање на инфекции на вашите гениталии. Во тој случај породувањето мора да се заврши со царски рез. За аналниот секс нема многу податоци, иако понекогаш трудниците се прегледуваат ректално, а не вагинално. Можноста од инфекции при анален секс е секако поголем, па не би се советувал како алтернатива. Но, и природата се прави сама, па можеби хемороидите во бременоста постојат баш поради тоа.
    Дали кондомите се неопходни?
    Доколку постои опасност од инфекција, тогаш да, се неопходни, а посебно се препорачува во бременоста. Народното верување е дека семената течност помага на грлото на матката да се отвори, но тоа сеуште не е научно потврдено. Сепак, помеѓу гинеколозите го има мислењето дека гениталната инфекција носи многу поголем ризик отколку ензими на семенета течност би влијаеле на отварање на грлото на матката.
    Може ли оргазмот да предизвика предвремено породување?
    Во текот на огразмот се ослободува хормонот на окситоцин, главниот хормон на контракција во матката. Ако е бременоста високоризична, окситоцинот би можел да биде капка која ќе ја прелие чашата.
    Како да се избегнува сексот?
    Секое крварење во бременоста, болките, церклажот, постелка која е ниско поставена е индикација за забрана за водење на љубов. Во случаи каде бременоста е уредна и без потешкотии, тоа секако не важи.
    Како да се води љубов по породувањето?
    Шест недели по породување доколку се работи за природно породување и доколку после гинеколошкиот преглед е се во ред а, доколку се работи за царски рез, тој период е подолг околку две недели.