• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Однесувањето на мајката може да влијае на нивото на окситоцин кај бебето – тврдат научниците
Однесувањето на мајката може да влијае на нивото на окситоцин кај бебето – тврдат научниците

Однесувањето на мајката може да влијае на нивото на окситоцин кај бебето – тврдат научниците

Големата блискост на родителите со децата има позитивни ефекти на нивните хормони, покажаа новите истражувања.

Окситоцинот е многу важен хормон, затоа што делува на создавањето на друштвените односи и врските помеѓу луѓето. Ни помага да создадеме блискост, да ја засилиме врската. Неговото лачење може да биде поттикнато од контакт со очите, емпатија или допир.

Познато е дека нивото на оситоцин кај мајката влијае на нејзиното однесување, што потоа создава врска со бебето. Новата студија на Кетлин Крол и Џесика Конели од Универзитетот во Вирџинија и Тобијас Гросман од Макс Планк Институтот покажа дека мајчиното однесување може да влијае на нивото на окситоцин кај бебето.

Детството го одликуваат динамични и бројни промени во развојот на човекот. Многу телесни системи тогаш созреваат, зајакнуваат, а доаѓа и до насочување на психичките процеси и однесувањето во повозрасните години. Природата има значајна улога затоа што ги обликува нашите гени. Покрај неа, огромна важност се придава на интеракцијата со другите луѓе, но и со околината.

“Познато е дека окситоцинот активно делува на раните социјални, перцептуални и когнитивни процеси, а тоа влијае на процесот на социјалното однесување”, изјавува Тобијас Гросман.

“Во оваа студија испитувавме дали мајчиното однесување може да влијае на развојот на самиот систем на бебето, одговорен за окситоцин. Предностите на молекуларната биологија, поточно на епигенетиката, ни овозможија да истражиме некои интеракции помеѓу природата и негата, во овој случај детската“.

Научниците ја набљудуваа интеракцијата на мајката и петомесечното дете. “Прибравме примероци од плунката, како од на бебето, така и од мајчината, и потоа повторно кога бебето имаше 18 месеци. Рецепторот на окситоцинот е клучен за исполнување на неговите ефекти, а гените можат да одредат која количина се лачи“, објаснува Кетлин Крол.

“Забележавме епигенетски промени во DNK на детето, а таа промена може да се предвиди на основа на квалитетот на мајчината игра со детето и блискоста. Доколку мајката е прилично вклучена во играта со детето, се јавува поголема редукција на метилација (неактивност) на DNK рецепторот на окситоцинот во текот на една година“, објаснуваат научниците.

Исто така, покажаа дека нивото на окситоцин влијае на темпераментот на детето, што е многу важно за сите родители.

Резултатите дадоа пример дека не се само гените одговорни за создавањето на меѓусебна врска. Од ова не се исклучени ниту татковците, затоа што и тие можат да влијаат на биолошкиот и психолошкиот развој низ промена на системот одговорен за окситоцин. Токму ова ја покажа важноста на силната родителска врска со децата.