ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Односот помеѓу татко и ќерка: Една поинаква и посебна љубов
    Односот помеѓу татко и ќерка: Една поинаква и посебна љубов

    Односот помеѓу татко и ќерка: Една поинаква и посебна љубов

    Приврзаноста за таткото е трајна, ќерката ретко го напушта дури и кога е свесна дека тој не е добра личност. Односот со таткото најмногу влијае на тоа како ќерката ќе изгради самопочитување, но и на тоа какви партнери ќе одбере.

    Односот помеѓу таткото и ќерката од секогаш бил посебен и поинаков, исполнет со многу емоции и обожување. Почнува да се гради во најраното детство, кога ќерката, уште несвесно, почнува да прави суштинска разлика помеѓу мајката и таткото. Во свеста на ќерката, мајката за неа е постојано и секогаш тука, додека пак таткото е нешто недостижно и возвишено за чија љубов и наклонетост очигледно треба да се бори.

    Зошто ќерките толку ги сакаат татковците и како настанува таа нераскинлива врска помеѓу нив, ни објаснува психологот и психотерапевтот Александра Јанкович.

     

    – Овде се потврдува Фројдовата теза која ја поминуваат децата со родителите од спротивниот пол. За девојчињата мајката е секогаш присутна фигура, која се грижи за храната, за облекувањето и за другите секојдневни работи.

    Таткото е некој кој се грижи за крупните работи, а пред се за парите. Ќерките тоа го препознаваат уште од најраната возраст, поточно од третата година, но сеуште не можат да го искажат. Во нивните очи тој е често идеализирана фигура која се појавува после сите завршени обврски и тогаш следи времето за љубов и игра. Татковците се најчесто тие кои се занимаваат со “убавите” работи, ретко критикуваат и воспитуваат во права смисла на зборот.

     

    Најголема подршка

    – Во однос на мајката која поради сите обврски често реагира критички и помалку непријатно, таткото се јавува како извор на пријатност, спремен да си поигра со неа, да ги сослуша сите нејзини важни разговори и да покаже најубави емоции. За неа неговата љубов е посебна. Како поминува времето на растење, така таа се повеќе се врзува за таткото. За ќерката мислењето на таткото е исклучително важно, затоа што влијае на градењето на сопственото самопочитување и сигурност.

    Неговото мислење за неа е закон, затоа што таткото е нејзин идол, шармантен,неодолив,полн со квалитети…Односот спрема себе и нивото на самопочитување го гради врз основа на пораките кои тој и ги испраќа – кажува нашата соговорничка.

    Баш поради тоа што мајката и нејзината љубов безусловно се подразбираат, а таткото е личност чија љубов мора да се заслужи и цело време да се освојува, се раѓа таа посебна љубов. Во културата на западната цивилизација тоа е посебно изразено. Од ќерката се очекува да биде убава, паметна, дарежлива, достоинствена, што без подршка од таткото ретко се случува.

    – Татковци учете ги своите ќерки за важноста на внатрешната убавина, која е поважна од надворешната. Ова е многу важно, затоа што девојчињата на помала возраст стануваат свесни за својот изглед кој може да направи притисок. Затоа секогаш зборувајте и дека е убава, но и дека покрај тоа мора да биде и добра личност. Мажите се во овој вид на подршка спрема своите ќерки воглавно несебични, затоа што тие во животот по дефиниција, највеќе ја сакаат мајката па ќерката.

    Тоа се единствените жени кои се тука за нив. Затоа за ќерката е недопустливо, во било кој дел од животот да го напушти таткото. Приврзаноста за него останува дури и кога е свесна дека тој не е добра личност, поради што несвесно често носи судбоносно лоши одлуки – вели Јанкович.

    Toa се случува кога таткото е алкохоличар или многу груб, па како по правило ќерките за брак бираат ист тип на маж.

     

     

    Никој како тато

    – Од друга страна, во ситуациите каде што татковците од некоја причина трајно ја напуштаат фамилијата, ќерките и понатаму ги глорифицираат, а поради преголемо недостигање кај нив се јавува чувство на виновност, иако за тоа, објективно, не постои причина. Неприфаќање или ладен однос им паѓа многу тешко, што може да се одрази многу тешко и при воспоставувањето на партнерските односи.

    Затоа е многу важно таткото да се грижи за својата ќерка уште од самото раѓање.

    – Без разлика на тоа колку таткото е зафатен со својата работа, секогаш мора да најде време за својата ќерка. Доколку на тоа не се сети сам, мајката е таа која треба да го вклучи во секојдневните обврски околу бебето секогаш кога има време. Тоа значи дека треба да се вклучи во процесот на одгледување на своето дете, кој подразбира капење, повивање, хранење…Заедничкото време и нежноста на овој начин ќе ги разбудат сите емоции кои и го градат така специфичниот и убав однос татко – ќерка, заклучува Јанкович.

    Сопругот секогаш личи на таткото

    Заштитнички настроен маж и грижлив татко кој отворено ја искажува својата љубов со своето однесување, влијае на тоа ќерката да бара исти квалитети во својот иден сопруг. Истражувањата покажуваат дека ќерките кои имаат добар однос со својот татко се помалку склони кон тоа да експериментираат со дроги и алкохол, поретко покажуваат деликвентно однесување, како и депресија.

    По мислење на психологот др. Џенифер Кромберг од Калифорнија, односот на татковците спрема ќерките е многу важен затоа што им обликува и свесни и подсвесни очекувања. Од нивното однесување тие градат слика кон светот, од успехот во училиштето, до друштвената ангажираност и идните љубовни врски…Во емотивна смисла не е доволно таткото да е грижлив само спрема својата љубимица, а не и спрема другите жени од опкружувањето. Во такви околности таа подеднакво впива тоа што и се овозможува нејзе, но и лошото однесување спрема другите. Тоа не е  добар модел.

    Во односот татко – ќерка најважно е вистински да се оствари почитување и разбирање, а врската да се заснова на искрен разговор, на емотивно поврзување и едукативно делување. Дури и тогаш кога возрасната ќерка од некоја причина не го следи исклучиво татковиот пример, истакнува Кромберг.