• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Олеснете го чистењето со картонска туба од тоалетна хартија и правосмукалка
Олеснете го чистењето со картонска туба од тоалетна хартија и правосмукалка

Олеснете го чистењето со картонска туба од тоалетна хартија и правосмукалка

Како да ги смукате трошките и валканите работи од најтешко достапните места ?

Еве неколку практични совети.

1.На отворот од цевката од правосмукалката ставете картон од ролна- тоалет хартија и стиснете со цел да го наместите во дупката.
2. Во вреќичката од правосмукалката ставете малку цимет

Во домот може да се задржат и незгодни мириси од домашните миленичиња кои додека смукате можат да завршат во вреќичката од правосмукалката и потоа повторно да се вратат во воздухот. За да го спречите истото ставете во вреќичка малку цимет и незгодниот мирис ќе се изгуби.

3. Душекот посипете го со сода бикарбона
За да отстраните мириси кои не сакате да ги почувствувате од килимите, душеци и слично, посипете ги со сода бикарбона, оставете ги да останат 30 минути и потоа исмукајте ги. Содата ќе го упие непријатниот мирис.

babyshop, babyshopmk, babyshopblog, prakticnamajka
4. Со лед тргнете ги вдлабнатини во килимите или теписите од мебел
Овој трик ќе ви помогне да ги извадите вдлабнатини од килимот, тепихот и слично кои се оставени од фотелји и маси. Затоа ставете коцки мраз на вдлабнатините и почекајте да се стопат. Влакната поради водата ќе пораснат и ќе се вратат во својата првобитна форма. Поминете со правосмукалката по деловите кои биле вдлабнат и тие повторно ќе се подигнат во првобитна состојба.
5. Користете најлон за да ги најдете изгубените обетки
Обетките што паднале на подот, или било кој друг мал предмет, полесно се наоѓаат со правосмукалка и најлон. На отворот (цевката) од правосмукалката ставете најлон и зацврстете го со ластиче или гумичка . Поминете со правосмукалката и изгубената мала работа ќе остане на најлонот.

babyshop, babyshopmk, babyshopblog, prakticnamajka