ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Омар Џафероски некогаш дел од “Супер Ѕвезда” сега ќе ја претставува Македонија на Фестивал во Литванија
    Омар Џафероски некогаш дел од “Супер Ѕвезда” сега ќе ја претставува Македонија на Фестивал во Литванија

    Омар Џафероски некогаш дел од “Супер Ѕвезда” сега ќе ја претставува Македонија на Фестивал во Литванија

    Омар Џаферовски ќе ја претставува Македонија на Меѓународниот фестивал “Каунас талент” во Каунас, Литванија. Тој ќе биде во конкуренција со деца и млади од целиот свет.

    Oмар е роден во Чикаго, САД, а живее во Скопје, каде  учи во приватното средно училиште САБА. Музичка биографија  на неговата 17 годишна возраст е веќе богата. Завршил нижо (основно) музичко школо во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, на инструмент пијано. Уште од најрана возраст учествува на детски фестивали “Супер Ѕвезда”, а на меѓународниот арт фестивал “Езерски Бисери” во Струга освоил “лауреат 3 степен”.

    Учествувал на повеќе локални, регионални и училишни натпревари и има освоено видни резултати. Повеќе од една година посетува часови во Академијата за естрадно пеење и е кандидат за домашни и меѓународни фестивали.