ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Опрема со која можете целиот ден да го поминете на снег
    Опрема со која можете целиот ден да го поминете на снег

    Опрема со која можете целиот ден да го поминете на снег

    Најубавите зимски спомени од детството најмногу се поврзани со санкањето. Возбудливото спуштање низ ридот може многу брзо да заврши поради лошо одбраната облека и обувки. За да можете да се препуштите на зимските активности, без многу грижи, важно е вие и вашето дете да бидете опремени од глава до пети. Новата зимска авантура треба да ја дочекаме спремни со водоотпорна опрема што не пропушта и која може да преживее се!

    Еве што ви е потребно за да можете што подолго да се санкате.

    1.Санка

    Без санка нема смисла да се тргне на санкање, зар не? Некои ќе кажат дека нема подобра од дрвената санка, додека на други повеќе им се допаѓа помодерно решение. Таквите ќе бидат одушевени од санките кои се склопуваат но се со традиционален дизајн и се идеални за деца поголеми од три години но и за возрасни личности. Лесно се пренесуваат, цврсти се, а и штедат на простор ако на потребната дестинација одите со автомобил.

    Ако сте љубител на практично и модерно, за вас и за децата ќе биде добра санката со облик на лопата, во црвена боја, и нема да постои можност да ви се изгуби во снегот. Многу брзата санка во облик на лопата ќе ви го зголеми адреналинот и ќе ви ја врати насмевката на лицето, а секако ќе биде и добра замена за вашата стара санка на која сте се возеле кога сте биле деца.

    За помалите деца кои може да се исплашат од големи спустови, купете санка со автомобилски волан и кочници. Со неа возењето на снег ќе биде како да се возите со скутер, а брзината можете да ја контролирате со металната рачна кочница и со управувачот.

    За да ја направите оваа зима незаборавна за вашето дете, одберете една од санките кои ви ги нудиме на нашата интернет страна и бидете спремни за првиот снег!

    2.Јакна

    Основен дел од секоја зимска гардероба е зимската јакна која ве штити од ладното време и ветерот а треба да биде и водоотпорна, односно да не се мокри. Квалитетната јакна нема да ја чувствувате како терет и ќе ви овозможи потполна слобода во движењето. Ако сте зиморливи, јакната со висока јака и качулка исполнета со пердуви ќе ве штити од невозможните зимски услови.

    За да немате грижи со децата, одберете им комбинизонки за играње на снег, кои ќе ги штитат да бидат суви и да им биде топло. Можете да комбинирате и со скијачки пантолони за поголеми деца. Термо панталоните во секој случај ќе бидат подобри од обичните панталони.

    3.Пантолони

    Со јакната секако ќе ви требаат и топли зимски пантолони, кои треба да бидат отпорни на екстремни временски температури. Одберете скијачки пантолони, кои ќе ве штитат од ветер и влага. Водоотпорните пантолони под кои ќе ставите волнени хулахопки ќе го продолжат вашиот престој на снегот. Растегливиот материјал за пантолоните ќе ви овозможи потполна слобода во движењето.

    4.Чевли

    Пред нас се ладни зимски денови кои мораме да ги дочекаме со добри чевли на нозете, а ако го одберете најтоплиот пар  нема да ги соблечете во текот на целиот зимски период. Ногата во зима мора да ви биде топла и сува за да не се соочите со некоја голема настинка, затоа одберете ги тие што не пропуштаат вода и се добри за снежните терени.

    Нека ви биде во мислите кога ќе купувате облека за децата, дека тие сакаат силни бои, па одберете токму такви за вашите мали трендсетери.

    5.Капа, шал и ракавици

    Овие три зборови постојано повторувајте им ги на вашите малечки, но и на себе. Научете ги без нив никогаш да не излегуваат надвор од домот кога ќе дојде зимата.