• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Oрганските беби производи, не се најсигурна опција
Oрганските беби производи

Oрганските беби производи, не се најсигурна опција

Стручните лица посочуваат, органските беби производи не се најсигурна опција.

Опсесијата за купување на природни и органски производи полека излегува од контрола, а стручните лица објаснуваат зошто…
Кога станува збор за вашето малечко, единствено нешто што сакате за своите малечки е да им пружите колку можете се најдобро, без разлика дали ќе треба да дадеме малку повеќе пари од вообичаено, за нешто што се продава како природно или органско.
Според најновите студии, нашата опсесија за купување исклучиво органски производи е излезена од контрола и претставува пречка за нашето здравје.


Независната издавачка куќа “Research Review”, неодамна објавила повеќе истражувања кои се сметаат за феномен од ирационалниот страв од хемикалии и загриженост за состојките кои се сместени во козметиката за бебиња.
Голем број на стручни лица објаснуваат дека се поголем број на производи за кои се тврди дека се природни и органски се со голем број на хемикалии.


Дваесет проценти од луѓето покажуваат вистинска аверција према хемиските производи, најчесто во западно развиените земји. Тоа е прилично голем страв кој ве води кон тоа да мислите дека се е загадено и дека треба скоро се да избегнувате.
Она што е најстрашно од се е дека тој страв се чувствува и на пазарот, па така се повеќе производи, посебно за бебиња, кои наводно не содржат никаква хемикалија. Тие секако се нужно органски и природни. Компаниите се само свесни дека луѓето се спремни да платат, два , три, четири па и пет пати повеќе за производ кој се продава како природен и органски. Секако, содржината на декларацијата е едно, а произвовод е нешто сосема друго, предупредуваат стручните лица.
Така што, доколку сте се залагате за органски производи, можеме да ви гарантираме дека тие производи веројатно веќе ги имате своето купатило