ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Ослободете го детето од стравот од вода: Практични вежби и совети за првите пливачки чекори
    Ослободете го детето од стравот од вода: Практични вежби и совети за првите пливачки чекори

    Ослободете го детето од стравот од вода: Практични вежби и совети за првите пливачки чекори

    Доколку сакате вашето дете да научи ова лето самостојно да се одржува на вода, прочитајте ги следниве совети и дознајте како да го ослободите детето од стравот.

    Како детето да научи правилно да дише додека е во вода? Зошто децата секогаш прво учат да нуркаат а дури потоа да пливаат?

    Доколку сте одлучиле вашите малечки ова лето да ги научите да пливаат, одговорите на овие прашања ќе ви бидат од голема корист.

    Вежби за дишење

    Вкочанетоста на мускулите и крутоста на телото се најголемите виновници поради која децата тонат. Кога ќе научи да вдише и да издише под вода, воздухот во плуќата нема да му дозволи да потоне. Вежбите за дишење и опуштање се доста едноставни. Со вашите совети и ваша асистенција детето многу брзо ќе ги совлада.

    Како?

    Влезете заедно со детето во вода до длабочина на неговите гради. Покажете му како да вдише воздух, потоа да клекне (битно е да клекне, а не да ја стави само главата во вода) и да го издише во вода (прави меурчиња).

    Вежбите почнете ги со потопување на главата до носот, за на крај, кога малечкото ќе се ослободи, да ја гнурне и целата глава. Кога ќе види дека и под вода може да го контролира и издишува воздухот, пополека ќе се ослободи и ќе стекне сигурност. Важно е детето да ги држи очите отворени додека нурка, затоа што во спротивно ја губи ориентацијата во просторот.

    Каде?

    Никогаш немојте да правите со детето вежби за дишење кога е свртено спрема копно, затоа што ако нешто му се случи, инстинктивно ќе тргне кон “излезот” – во овој случај во спротивен правец.

    Мала неволја е доволна да доживее непријатно искуство кое подоцна ќе резултира со страв од вода. Доколку обуката за пливање ја држите во базен, детето треба да биде свртено кон скалите, односно кон местото од каде што влегло во вода.

    Лебдење

    Кога ќе ја совлада техниката на дишење, со која ќе го победи стравот од водата, научете го да лебди.

    Како?

    Малечкото треба што е можно повеќе да се опушти и да ги поткрене нозете како би го изгубил контактот со тлото. На водата лежи на стомак а главата му е нурната во неа. (детето издишува воздух). Со оглед дека во претходните вежби ја има совладано техниката на вдишување и издишување (што кај него го победи стравот од давење) многу брзо ќе се опушти и ќе почне да лебди. 

    Оддржување на вода

    Кога ќе ги совлада овие две вежби детето е способно самостојно да плива, односно да се одржува на вода. Иако многу родители пробуваат што побрзо да ги научат малечките на разните техники и стилови на пливање, тоа во овој период е сосема непотребно, а во голема мера и штетно.

    Совладување на потезите и техниките е следната фаза во обуката, на која мораат да и претходат правилното дишење и самостојното одржување. Треба да имате на ум дека всушност не ги учиме малечките да пливаат (во однос на одредени стилови и техники), туку самостојно да се оддржуваат на вода. Кога детето ќе научи да лебди, тоа имитирајќи ги родителите ќе почне да мафта со рацете и нозете и да ги прави првите пливачки чекори. За малечките е многу подобро (иако родителите најпрво ги учат краул, што е погрешно) едноставен гради стил.

    Дете кое сеуште не проодело знае да се одржува на површина на вода. Тоа сеуште нема развиена свест и искуство дека тлото е неговиот најдобар ослонец. Водата несвесно му е позната средина од ембрионалната фаза на развојот. Така, ако бебето од шест месеци го спуштите во вода, тоа поради воздухот кој го задржува, набрзо ќе исплива на површина. Важно е само во тој момент да го придржите како нешто не би го заплиснало (да не проголта вода при новото земање на воздух и да доживее негативно искуство) и после новото земање на воздух, пуштете го повторно да “плива”. Малото бебе смеете да го носите и во длабочина, затоа што тоа нема стекнато чувство на сигурност на тлото под нозете.