ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Ослободете се од надуеноста во текот на бременоста
    Ослободете се од надуеноста во текот на бременоста

    Ослободете се од надуеноста во текот на бременоста

    1. Јадете полека

    Брзото внесување на недоволно изџвакана храна, може да доведе до непотребно голтање на воздух, со што се создава чувство на надуеност. Според препораките на експертите, бремените жени треба да одвојат најмалку половина час за оброк.

    Постепено внесување на храна ќе ви овозможи да уживате во вашиот оброк, но студиите покажуваат дека луѓето кои јадат полека јадат помали количини на храна во еден оброк.

    2. Избегнувајте газирани пијалоци

    Покрај штетни материи кои можат да бидат присутни, на бремените жени им се препорачува избегнување газирани пијалаци ,кои може да предизвикаат гасови кои доведуваат до чувство на надуеност. Заменете ги газирани пијалаци со вода со вкус на лимон или портокал.

    3. Јадете повеќе мали оброци во текот на денот

    Обидете се да јадете повеќе мали оброци во текот на денот, наместо да кажеме три оброци. Освен што ќе го избегнете чувството на надуеност на овој начин, ќе го стабилизирате шеќерот во крвта и ќе го ублажите чувството на глад.

    4. Откажете се од гума за џвакање

    Гума за џвакање исто така може да предизвика непотребно голтање на воздухот, што доведува до надуеност. Наместо тоа, пробајте овошни или ментол бомбони.

    5. Решете го запекот (затвор)

    Недостаток на храна со влакна, течности и физичка активност може да предизвика запек, што може да доведе до надуеност. Вклучуете храна богата со влакна во вашата исхрана (јаболка, овес, портокали, банани, печени компири) и пијте најмалку шест до осум чаши течност на ден.

    Идеално би било да шетате колку што Вие и Вашето бебе ќе уживате во свеж воздух и физичка активност.

    6. Избегнувајте намирници со вештачки шеќери

    Многу бремени жени страдаат од надуеност поради прекумерна доза на храна и течности, кои се вештачки засладени (сокови, слатки). На бремените жени им се препорачуваат максимум две до три вештачки производи видови дневно.

    7. Контролирајте го внесот на натриум

    Кога купувате конзервирана или замрзната храна, обрнете внимание на количината на натриум во производот. Количината на натриум во еден оброк не треба да надминува 5 g.

    8. Намалете го внесот на грав и грашок (зрнест зеленчук дува)

    Ова, се разбира, не значи дека треба да исфрлите грав, грашок и слична храна. Едноставно консумирајте ги од време на време, и ако го јадете овој зеленчук, пијте чај од нане, кој ќе ја олесни надуеноста.

    9. Проверете дали сте алергични или нетолерантни на одредени видови на храна

    Можно е некој вид на храна која ја конзумирате да не одговара на Вашиот организам и предизвикува надуеност. Сепак, не правете самоиницијативна дијагноза дека сте алергични на некој вид на храна.

    Ако се сомневате дека имате алергија или нетолеранција кон одредена храна, посетете го вашиот лекар и направете тест за алергија.