ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Основна галантерија за доење
    Основна галантерија за доење

    Основна галантерија за доење

    Следниве додатоци можат да ви послужат да го направат доењето полесно. Сите се широко достапни во локалните продавници.

    Перници за доење: Овие специјално дизајнирани перници го опкружуваат телото на мајката, а бебето лежи на нив во текот на подојот.

    Бебе – слинг : Некои мајки  ги користат кенгурите од типот, “бебе-слинг” како помош за придржување на бебето при доењето.

    Удобен стол или нишалка: Столовите што се приспособуваат на формата на телото и позицијата на седење на мајката ја зголемуваат удобноста при доењето. Многу мајки додаваат и табуретка.

    Градник и маица за доење : Маиците за доење, што немаат копчиња, туку засеци и слоеви што се преклопуваат, го олеснуваат пристапот до градите. Граднците за доење исто така овозможуваат полесен пристап и помагаат со течноста по доењето. Купете го градникот откога ќе ви дојде млекото, бидејки големината на градите ќе се промени.

    Пумпи за измолзување и дополнителна опрема: Пумпата е рачна или електормеханичка направа што го извлекува млекото од градите на мајката. Таа и овозможува на мајката малку да се одмори од постојаното доење – и му дава шанаса на таткото да се испроба во доењето. Овој додаток е особено скап, можете да се одлучите да го позајмите. Освен пумпата, потребни ви се и шишиња и кеси за чување и шишиња и цуцли за хранење.