• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Осум работи кои треба да ги знаете доколку имате бебе Водолија
Осум работи кои треба да ги знаете доколку имате бебе Водолија

Осум работи кои треба да ги знаете доколку имате бебе Водолија

Ако Вашето дете е Водолија во хороскоп, тогаш имате паметно, мудро и толерантно дете.

1.Очекувајте го неочекуваното со бебето Водолија

Вашата мала Водолија ќе ве држи на нозе, тоа е сигурно. Исполнети со енергија, емоции и интелегенција, Водолиите сакаат секогаш да бидат во движење. Запознавањето на новите луѓе, испробувањето на нови работи и гледањето на нови места секогаш и се на дневен ред. Ќе сака да биде активна и ќе ужива да му покаже на светот дека е бестрашна.

2.Тие се малку отсутни

Не е дека не ве слушнало или дека намерно ве игнорира, туку мозокот му се движи брзо и веќе заборавило дека сте го замолиле да ги среди играчките. Лесно може да ви се чини дека Водолијата ве игнорира, но навистина и е тешко оддеднаш да ги прати сите тие работи за кои размислува.

3.Водолиите се тврдоглави

Она што ќе го научите од Водолијата е дека не застанува додека работите не се движат по својот пат. Понекогаш ќе ви биде тешко да гледате како тврдоглавоста може да влијае на неа, но нека се обиде. Поуката која самостојно ќе ја извлече ќе биде многу повредна.

4.Внимавајте со емоциите

Понекогаш вашата мала Водолија ќе ви се чини како најопуштеното и најсреќно дете, се додека не се случи нешто што не очекувала. Иако тоа не е ништо чудно, Водолиите имаат тенденција со своите реакции да одат од крајност во крајност. За среќа тоа кратко трае па за брзо ќе се спушти на земја.

5.Водолиите се емпатични

Ако ви е потребна прегратка или љубезен збор, вашата Водолија ќе биде прва која ќе ви покаже љубов. Ќе откриете дека има неверојатна способност да знае како се чувствувате без да мора да и кажете. Но бидете внимателни – таа веќе знае колку сте вознемирени, па пробајте да користите нежни зборови, како би и помогнале да сфати дека мора подобро да одлучува.

6.Водолија = позитивец

Шармантна, привлечна и топла – сето ова се придавки кои луѓето ќе ги зборуваат за вашата Водолија. Водолиите сакаат позитивно внимание и сакаат да ги запознаат луѓето околу себе.

7.Брзо учат

Остроумни се и брзо разбираат како се функционира. Сигурно ќе забележите дека не е само паметна, туку и социјално интелегентна. Во училиштето за брзо време ќе стане миленик на учителите. Бидете сигурни дека поставувате доволно предизвици пред неа, затоа што во спротивно ќе почне да се потпира на својот шарм како би се провлекла наменсто да ја користи својата вродена интелегенција.

8.Водолиите се темпераментни

Никогаш немојте да мислите дека сте ја сфатиле вашата Водолија. Ќе отиде и ќе го направи она што мисли дека е најдобро. Понекогаш ќе биде тешко да се разбере мотивот кој стои позади тоа што го прави, затоа секогаш држете отворена линија на комуникација. Секогаш се полни со изненадување, па затоа очекувајте диво, но и прекрасно возење.