Откриена интересна причина зошто некои бебиња стануваат леваци
Интересни истражувања покажаа дека бебето кои се хранат со шише имаат поголема веројатност да станат леваци
Иако доминантната лева рака е делумно прашање на генетиката, една нова студија покажа дека хранењето со шише во првите девет месеци од животот на детето може да влијае на подоцнежната определеност за левата рака.
Истражувањето, објавено во научното списание Asymmetries of Body, Brain and Cognition ги проучувало 62.219 мајки и нивните бебиња кои се доени или се хранат со шише и открило дека распространоста на леваците е помала кај децата што се доени.
Од што зависи дали бебето ќе биде левак или деснак?
“Сметаме дека доењето ги оптимизира процесите преку кои мозокот поминува кога ја зацврстува определеноста за левата или десната рака”, вели авторот на истражувањето, Филип Хујоел. Иако предност за левата или десната страна се утврдува во феталниот стадиум, истражувањето покажа дека начинот на хранење новороденче, исто така, игра улога во одредувањето на левата или десната рака за доминантна.
Сепак, во дебатата што следеше после резултатите од истражувањето, беше забележано дека само околу 22 проценти (речиси еден во пет) левака од оние кои се како бебиња хранети со помош на шише својата посветеност на левата рака можат да ја припишат на недостатокот на доењето, така што јасно е дека Методите на хранење не се единствениот фактор кога станува збор за развојот на доминантна рака. Како и да е, поврзаноста е сигурно фасцинантна, нели?