Ова се 10те реченици кои никако не смеете да им ги кажете на мајките кои дојат
Мајките кои дојат често се изложени на различни изјави на кои ниту една од нив не е пријатно да ги слушне.
Мислиш дека бебето доволно изедe?
Ниту една мајка која дои не може да биде сигурна дали бебето изело доволно или не, бидејќи од бебето неможе да добие потврда. Затоа мајките кои дојат секогаш се водат од инстинктот кој го имаат и се трудат да препознаат дали бебето внело доволно млеко или не.
Зарем бебето повторно е гладно?
Бебињата несакаат да цицаат само кога се гладни, туку и кога им треба блискост со мајката и кога имаат потреба од тоа некој да ги смири ако се вознемирени и не можат да заспијат. Затоа за ниту една мајка не постои одреден број на тоа колку точно подои треба да има односно да го дои своето бебе. Секоја мајка ќе му понуди млеко на бебето секој пат кога тоа ќе посака.
Доењето ги уништува градите на мајката
Мајката која дои не сака да чуе никакви негативности во врска со тоа како доењето некому му ги уништило градите. Тоа е како да симнете 20 килограми и на своја пријателка која сака да ослабне да и кажете сте ослабеле 20 килограми и дека сега цела кожа ви виснала. Освен тоа истражувањата покажуваат дека секако спуштените гради се последица од бременоста а не од доењето.
Не ти е попријатно да се покриеш?
Ова и не е некое прашање, туку осудување кое всушност би значело – мене би ми било не пријатно малку незгодно вака, мислам дека би се покрила. На секоја мајка приоритет е нејзиното бебе колку и да ја сака својата пријателка, нивните коментари секогаш ќе бидат помалку битни од нејзиното бебе. Доколку на некој му смета таквиот начин на доење, едноставно е- не гледајте!
Твоето дете не е преголемо за да го доиш?
Колку долго мајката ќе го дои своето бебе/дете е исклучиво одлука на мајката. Доколку некој смета дека предолго го доите вашето бебе, тогаш тоа е негов проблем. Американското здружение на педијатри им препорачува на мајките да го дојдат бебето во текот на цела прва година од животот а и повеќе доколку тие сметаат дека е потребно.
Доколку му понудиш на бебето шише, веќе никогаш повеќе нема да сака на града
Оваа реченица не може да биде вистина. Многу жени ги хранат своите деца со млеко од шише а истовремено и со млеко од града. Освен тоа, многу стрчни лица велат дека е сосема во ред на детето кое редовно цица му понудите и млеко од шише веднаш штом направи еден месец.
Доколку го раниш детето со шише, повеќе ќе спие?
Вистината е дека без разлика на тоа дали доите или не, го храните вашето бебе со шише или не , секако нема подолг период да се наспиете. Секоја мајка до одредена мера е исцрпена.
Ако е толку тешко да го доиш, тогаш дај му бебе формула
Кога луѓето ќе го кажат ова, веројатно мислат да кажат за да не се мачите многу. Но, мајката која се труди да дои, сигурно не и едноставо, има болни гради и брадавици. Затоа подобро прашајте ја како може да и помогнете за да си олесни отколку да ја советувате да прејде на формула.
Ако на бебето му даваш да цица секој пат кога ќе посака, ќе го разгалиш
Бебето со доење не може да го размазите. Новороденчето нека цица кога сака, на саат ипол или три.. колку е потребно. Нормално е во текот на 24 часа новороденчето да цица 8 или 12 пати или повеќе. Тоа не значи дека ќе го разгалите вашето бебе, туку дека се грижите за него.
Зарем престана да доиш?
Истото важи како и кај петата точка. Колку долку мајката ќе го дои бебето, ја засега нејзе!