Ова се клучните фактори за проблемот со несоница
Ако го исфрлите кафето не значи дека ќе ја спречите и несоницата. Исто така и намаленото време пред екранот нема да влијае на подобрување на сонот.
Основачот на Клиниката за несоница Кетрин Пинкам вели дека од суштинско значење за оние кои имаат проблем со несоница е да разберат што е причината, пренесува Сан.
Одрекувањето од кафе може да ја влоши несоницата, тврди Пинкам и верува дека дури и намаленото време пред екранот пред спиење нема да помогне подобро да заспиете.
Таа истакнува дека е важно секоја личност со пореметување во спиењето да сфати зошто има лош сон, наместо да се одрекува од работите во кои ужива.
Спрема нејзините зборови “нешто ја предизвикува епизодата на несоница” било да е во прашање емоционален стрес или болест. Но во обид да спијат повеќе, луѓето ќе престанат да другаруваат, почнуваат да носат маска за очи или прерано одат во кревет.
“Овде навистина почнува проблемот. Не само што почнуваме да го поврзуваме креветот со иднината што доведува до понатамошен лош сон, туку и се одрекуваме од многу работи во кои уживаме” вели таа.
Совети за подобар сон:
Не поминувајте премногу време во кревет. Станете порано или одете во кревет подоцна.
Поставете време за станување и придржувајте се кон тоа. Раното будење ќе го охрабри Вашето тело да го поврзе тоа време со иднината.
Престанете да гледате во часовникот.
Престанете да се грижите. Спиењето не е единствената работа која може да направи да се чувствувате подобро.
Пробајте да ја оставите лошата ноќ позади себе и фокусирајте се на новиот ден кој е пред Вас.