ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Ова се случува еднаш во 100 милиони случаи
    Ова се случува еднаш од 100 милиони случаи

    Ова се случува еднаш во 100 милиони случаи

    Хана и Том Хепнер станале среќни и горди родители на тројка близначиња. Докторите од болница во Северна Калифорнија, потврдуваат дека Хана родила исклучително ретка идентична тројка, Еби, Брин и Лаурен Хепнер. На Хана една оплодената јајце клетка се поделила на три дела и на тој начин дошло до исклучително редок феномен кој се случува еднаш во милион, па дури и во сто милиони случаи.
    Сите три новородени ќерки се различни во тежина, што не е невообичаено, а тоа кое е најслабо најбрзо ќе му созрејат белите дробови. Близнаците сеуште се во болница, бидејќи телесната температура треба да им се прилагоди па ќе треба да стекнат навика за редовно хранење, пишува Daily Mail. Девојчињата, имињата ги добиле по својите предци и места кои се важни за нивните родители.
    “Ова е прв пат да видам нешто вакво во 30 години од својата работа во болница”, рекол докторот Вилијам Гилберт. Потоа додал дека малечките одлично се развиваат и треба да бидат пуштени за една недела од болница.
    “Ова е повеќе од она што го очекувавме, но мислам дека ќе се снајдеме”, рекла воодушевената Хана која од сега се во својот дом ќе гледа тројно.