• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Овошје од боговите – Калинка
Овошје од боговите

Овошје од боговите – Калинка

Овошје од боговите
Сочен плод кој ја поттикнува плодноста кај мажите

Ова овошје со векови претставува симбол на плодноста, некогаш имало митови и верувања, а денес науката тоа го потврдува.
Калинката е навистина древно овошје кое од дамнина претставува симбол на плодноста, добро здравје и вечен живот.
Оваа билка потекнува од Персија и низ историјата се сврстува во овошја на боговите. Во древните записи црвените семенки се споредуваат со крвта. Им се преписува способност да ја вратат младоста, го продолжуваат животот и прават конекција помеѓу животот на мртвите и живите.
Во Ерменија, калинката е задолжително на свадбената трпеза што би требало да ја осигурва плодноста на младенците.
Сознанието за чудесните моќи на калинката е позната и кај старите Грци, со што ова овошје било украс на сите прослави, посебно оние во чест на плодна земја.
Секако сето ова се легенди кои во времето имале слабо влијание врз општеството, но калинката и ден ден важи за едно од најатрактивните овошја на планетата.
И не само тоа, митовите се замениле со научни истражувања за плодноста кои го потврдиле ова верување. Со својот изглед и вкус, калинката со векови континуирано претставува земјен благодет.


Лековити својства на калинката се:
– Јак оксидант кој го спречува настанувањето на одредена врста на рак
– Сок од калинка го намалува ризикот од инфарт и мозочен удар
– Го спречува настанувањето на крвни згрутчување во артериите
– Го намалува крвниот притисок
– Го намалува нивотона лошиот холестерол во крвта
– Поволно делува на центрачниот нервен систем
– Содржи билни материи кои поттикнуваат производство на серотонин во организмот, па е корисен за намалување на депресијата
– Семките на калинката се богат извор на витамини (посебно витамин Ц и А), што значи дека ова овошје е корисно за имуниот систем
– Корисен е за коскената структура па се препорачува како превенција од настанок на остеопороза и остеоартритис
– Уништува ешерихија коли и стафилокока
– Има големо количество на железо па помага кај анемија и вртоглавици
– И сега, она што најмногу ги интересира машката популација: не е мит туку вистина, плодовите од калинка ја зголемуваат плодноста кај мажите, позитивно влијаат на концентрација на сперматозоиди
– Утврдено е дека две часи сок од калинка на дневно ниво го зголемува либидото, како кај мажите така и кај жените бидејќи ова овошје влијае на зголемување на нивото на тестесторон во организмот на двајцата партнери.