
Падната цуцла на под не секогаш треба да се мие
Падната цуцла на под не секогаш треба да се мие .
Стерилно и чисто не се исто, затоа стручните лица велат дека цуцлата која на вашето бебе паднала на подот, не мора да ја миете.
Паднатата цуцла можете само да ја ставите кај вас во уста и да ја исчистите се плунка пред да ја измиете со вода или да ја стерилизирате. Стручните лица велат дека плунката се докажало дека е најдобро решение, освен доколку цуцлата не паднала во кал или икслучително валкано место каде може да се насоберат голем број на бактерии, WC школа…но доколку е во прашање чист под во вашиот дома, куќа, без паника само поминете ја со плунка и вратете ја на вашето бебе.
Плунката содржи добри бактерии, кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од екземи, астми,алергии. Познато е дека секојдневно децата можат да стават во уста се и сешто што им е на дофат, а тоа не мора да биде лошо како што изгледа на прв поглед. Голем број на студии докажале дека родителите кои не- панично гледаат на чистотата на цуцлата, ретко кога имаат некоја алергиска реакција, а астма уште поретко, за разлика од децата со постојано измиени цуцли.
Се разбира дека дезинфекцијата на цуцпли со плунка не се однесува на родители кои имаат херпес или било каков вирус во тој момент, но и доколку цуцлата падне на подот на многу валкан под или пак негде каде има голем број на хемикалии. Но, во сите останати случаи, плунката на мајките и татковците е здрава за детето. Затоа не претерувајте со миење на рацете на вашето бебе и не им ставајте големи забрани за да ставаат предмети во уста, кога веќе е докажано дека стерилното опкружување може повеќе да штети отколку да користи.