ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Паѓање на косата кај бебињата
    Паѓање на косата кај бебињата

    Паѓање на косата кај бебињата

    Паѓањето на косата кај бебињата кратко после породувањето е сосема нормална појава која не треба да Ве загрижува. Причината е од хормонална природа.

    Пред раѓањето бебињата имаат високо ниво на хормони кои до нив стигаат преку постелката, а после породувањето тоа ниво брзо опаѓа. Воведувањето на хормонална рамнотежа привремено го забавува растот на бебешката косичка, а кај многу бебиња доаѓа до целосно опаѓање на косичката со која се родени.

    Многу брзо после паѓањето на косата почнува да расте нова. Кратко време може да се чини дека косата расте нерамномерно, но новата, појака коса, брзо ќе ги покрие местата кои се без коса.

    Инаку, кај бебињата често се јавуваат и места без коса до кои доаѓа поради спиењето во иста положба. Тоа е обично делот од главата кој бебето го трие од душекот или седиштето во колата, па поради тоа тенката и нежна бебешка коса се кине.

    Кога косата почнува да опаѓа не можете да направите многу затоа што тоа е сосема нормален развоен процес низ кој детскиот организам мора да помине. Сепак ако бебето продолжи да губи коса и после излегувањето на новата, поготово после шест месеци старост, обратете се кај педијатар.

    Паѓањето на косата понекогаш може да биде знак дека се работи за проблем поврзан со исхраната. Можно е, да речеме, детето да не внесува доволно железо.

    На крајот, ако бебето има малку или нема воопшто коса, тоа не значи дека подоцна ќе има слаба или ретка коса, само му е потребно доволно време.