• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Палачинки од јаболка
Палачинки од јаболка

Палачинки од јаболка

Вкусна вечера или ужина за бебиња по десеттиот месец од животот.

Состојки:

– брашно

– жолчки

– вода

– изрендано јаболко

Измешајте ги основните состојки со миксер додека не добиете мешавина со густина карактеристична за палачинки. Изрендајте  ја јаболката во саканата количина, додадете ја во смесата и оставете ја околу 10 минути да отстои.

Испржете ја во мало тавче со многу малку масло. Оставете ги да се оладат и  понудете му ја  на бебето исецкани на парчиња. За бебиња постари од една година во смесата може да ставите цело јајце.