• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Палецот не е за во уста
Палецот не е за во уста

Палецот не е за во уста

Цицањето на палецот е голем проблем и се јавува кај голем број деца. Родителите го презираат и упорно бараат методи со чија помош можат да се ослободат или да го спречат држењето на прстите во уста.

Природниот инстинкт за цицање кај некои бебиња создава потреба да се држи палецот во уста во првите месеци од животот и оваа потреба се намалува на возраст од шест месеци. Сепак, за да се смират, многу бебиња продолжуваат да го цицаат палецот не само кога се гладни, туку и уморни или исплашени. Кај повеќето деца, оваа навика исчезнува помеѓу третата и петтата година, а во некои случаи продолжува и понатаму. Сепак, со сила не треба да ги одвикнувате. Кога детето почнува да ползи и оди, а продолжува  да си го цица прстот, понудете му цуцла лажливка.

Цицањето  на палецот може да предизвика неправилен раст и позиција на забите, неправилно загризување, движење на забите нанапред и проблеми со изговарање на некои гласови. Затоа, овие навики треба да се решат пред да почнат да растат фиксните заби, за да проблемите не бидат поголеми.

prstvousta, bebe, babyshop, roditeli, majka, мајка, прствоуста, родители

Најдете им работа на прстињата

Ако детето и по 4-та и 5-та година, продолжува да го цица палецот, исто така забележувате проблеми со забите или говорот, неопходно е да направите сериозен напор и да започнете со одвикнување. Од голема помош е доколку вниманието на детето во тие моменти го насочувате на некој други активности  или да поставите правило кога и каде може да се цица прстот.

Исто така, ќе помогне ако се награди, доколку цел ден издржи без да го цица прстот.

Искористете го огледалото

Постарите деца предупредете ги од опасноста од бактериите кои се кријат на прстите и проблемите што можат да ги имаат со забите. Застанете заедно пред огледало, ставете го и вие прстот во устата, како вашето дете и објаснете ги штетните ефекти што оваа навика може да ги има.

Воведување на вечерен ритуал

Цицањето на прстот често е пред спиење. Затоа, пред спиење, дајте му на детето да гушне некоја плишана играчка, заедно прочитајте некоја приказна, прелистувајте ја книгата, пуштете некоја нежна музика за детето да се смири и заедно пејте. Ако вашето дете се смири и заспие со цицање на палецот, воведувањето на нови ритуали ќе му помогне постепено да ја искорени оваа навика.