
Паметни играчки за вашите деца
Многу од играчките на вашето бебе или дете го помагаат развојот на нивниот мозок. Меѓутоа големиот избор на играчки може да ги збуни родителите. Што треба да се купи?
Стручни лица советуваат, како најдобри производи да ги избирате играчките кои се во согласност со природниот биолошки развој на бебето односно детето. Играчките мора да зборуваат со јазикот кој вашето дете го разбира.
Се препорачуваат едноставни играчки кои нема да го фрустрираат вашето дете. Новороденчињата најмногу се заинтересирани за движења и звуци, па ќе ги стимулира и едноставното тропање на тропалчето. А кога ќе бидат малку поголеми ќе се интересираат за играчки со различна текстура кои можат да ги допрат и да ги стиснат, на пример полнети животни.
Околу деветиот месец со детето можете да си играте со играчки во различен облик кои може да се редат, или можете да ја криете играчката помеѓу останатите и да чекате бебето да ја најде. Тоа го додава елементот на изненадување и помага во изградбата на концептот за постојаност на објектот.
Стручните лица кажуваат дека сите играчки ја стимулираат радозналоста, но потрудете се да ги изберете тие кои ќе бидат интерактивни и кои со обликот и бојата ќе им помогнат на децата да учат. Немојте да пробувате да го оптеретите бебето со повеќе од тоа што биологијата му дозволува да го разбере. Клучот е во тоа да ги планирате активностите кои ќе го вклучат бебето во секоја фаза на развојот, но така што ќе се трудите да не претерате со тоа.
Група на стручни лица составила едноставна листа на активности кои помагаат во развојот на мозокот на бебето, спрема возраста.
Од раѓање до 4-ри месеци
-Читајте му на бебето
-Правете смешни изрази со лицето
-Скокоткајте го
-Полека поместувајте ги објектите, на пример, светло обоената тропалка, пред очите на бебето
-Пејте едноставни песни со стихови кои се повторуваат
-Раскажувајте му на бебето се што правите
Од 4-ри до 6 месеци
-Дајте му на бебето да ја прегрне полнетата играчка-животното
-Наредете ги играчките една врз друга (на пример пластични книги) и дозволете му на бебето да ги сруши
-Пуштете му на бебето музика со различен ритам или пејте му така
-Покажувајте му на бебето книги со слики во јаки бои
-Дајте му на бебето да допира играчки со различна текстура
Од 18 до 24 месеци
-Играјте со нив едноставни игри со препознавање, како на пример каде е жолтото автомобилче, или каде е црвениот цвет
-Ставете три различни играчки пред детето и барајте од него да ви ја даде едната од играчките
-Зборувајте директно обраќајќи му се на детето
-Покажете му ја на детето хартијата и боите
-Кога му читате на детето, поставувајте му прашања како, каде и што
-Охрабрете го детето самостојно да игра со играчките
Од 24 до 36 месеци
-Упорно охрабрувајте го и пофалете го детето во неговото напредување и развојот на моториката
-Забрзајте ја имагинацијата на детето така што ќе го охрабрите да ги користи играчките на најразлични начини
-Помогнете му на детето во играта да вклучи реални активности од животот, на пример да се преправа дега разговара на телефон, вози автомобил, организира чаенка
-Кога му читате на детето вклучете го во приказната така што ќе му поставувате прашања
-Покажувајте со прстот на зборовите додека читате и охрабрете го да ги препознава зборовите во книгата и нивниот звук
Од 3 до 5 години
-Учете го детето да дели покажувајќи му примери
-Играјте обични игри со таблата, за да му помогнете на детето да учи за правилата и вештините
-Ограничете го гледањето на ТВ на еден или два часа дневно, а кога ќе му дозволите да гледа ТВ, правете го тоа заедно и трудете се да зборувате за тоа што го гледате
-Понудете му на детето да ги бира активностите, на пример да читате книга или да си играте со puzzle играчките
-Ограничете ја употребата на зборот не и охрабрете го детето да истражува и да ја развива својата природна љубопитност
-Покажете му на детето дека го почитувате, бидете стрпливи и внимателни кога ќе сака да ви објасни нешто или да ги прераскаже своите искуства
-Секој ден одвојте време да седнете со детето и да поразговарате за тоа што го правело тој ден.