Паметните деца јадат риба: Омега – 3 масните киселини го поттикнуваат развојот на интелегенцијата
Децата кои конзумираат риба најмалку еднаш неделно имаат поголем коефициент на интелегенција од другите деца.
Коефициентот на интелегенција (IQ) кај децата кои редовно конзумираат риба е во просек за пет бодови повисок, покажуваат резултатите од студијата спроведена на Универзитетот во Пенсилванија, кои ги објави мгазинот Scientific Reports.
Истражувачите веруваат како воочената врска би можела да биде поврзана со внесот на омега – 3 масните киселини кои се концентрираат во мозокот, па имаат важна улога во оддржувањето на невролошките функции.
Покрај тоа, децата кои често јадат риба имаат поквалитетен сон, покажа истражувањето кое е спроведено во 2017 година, а во кое учествувале околу 500 деца на возраст од девет до единаесет години.
Американските научници од Пен Стејт Универзитетот неодамна потврдија дека внесот на омега – 3 масни киселини е поврзан со подобра функција на мозокот.
Податоците собрани од 250 пациенти со болести на срцето и крвните садови кои се пратени 30 месеци, открија позитивно влијание на омега – 3 масните киселини, со помош на низа тестирања на когнитивните способности.
Осве рибата, добри извори на омега – 3 масни киселини се јаткастите плодови, маслата произведени од зеленчук и лиснатиот зеленчук (блитва, зелена салата, спанаќ…).