• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Паштета од леблебија
pashtetaodleblebija

Паштета од леблебија

Домашните паштети се права ризница на витамини и други бројни корисни работи за детскиот организам. Паштетата од леблебија можете брзо и лесно да ја направите. Леблебијата претставува супер замена за месо, богата е со билни влакна кои го подобруваат варењето, а воедно го штити срцето, ги зајакнува коските и обезбедува доволно количина на железо во организмот.

Потребно е:

1 шолја сварена леблебија (250мл)

1 чешне бел лук

3-4 лажици маслиново масло

½ лажици сецкан магдонос (ако користите свеж, 2.3 гранчиња)

Сол и бибер по вкус

Вода, ако е потребо (најдобро да ја користите истата од варената леблебија)

леблебија, здравахрана, healthyfood, deca, деца, roditeli, родители, babyshop

Припрема:

Сите состојќи ставете ги во блендер и блендајте ги додека не се добие конпактна маса. Доколку семсата е премногу густа, додадете малку вода најдобро од варената леблебија. Спремната паштета можете да ја чувате неколку дена во затворена тегла и во фрижидер!

Готвење на леблебија : потопете ја сировата леблебија во вода, нека отстои преку ноќ (12-15) часа. Што подолго стои потопена леблебијата, времето на готвење ќе биде пократко. Откако леблебијата ќе отстои во текот на ноќта или денот, префрлете ја во сад (тенџере) и додадете и уште малку вода и варетеја околу 1.5-2 саати.