• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Патувајте – одморот со семејството го поттикнува развојот на мозокот
Патувајте – одморот со семејството го поттикнува развојот на мозокот

Патувајте – одморот со семејството го поттикнува развојот на мозокот

Науката покажа дека за здравјето на детето многу е важно да му подарите одмор со семејството.

Експертите тврдат дека со патувањето ќе го засилите развојот на мозокот на детето.

Детскиот психотерапевт Марго Сандерленд истакнува дека патувањата имаат значајна улога во развојот. “Тоа се случува затоа што одморот со семејството ги поттикнува генетски вградените системи длабоко во мозокот, кои ретко се активираат кога сме дома”. Тоа се системи за игра и истражување”, објаснува докторката.

Таа вели дека системот за игра се активира секогаш кога детските стопала се во песок, кога се на лежалка покрај базен, па дури и тогаш кога ги носите на раменици. Системот за истражување се активира кога заеднички истражувате – во шума, на плажа, во село…

Овие системи го поттикнуваат развојот на делот од мозокот кој е задолжен за когнитивните функции, решавањето на проблемите, изразувањето на емоции, памтењето, говорот и расудувањето.

Патувајќи, децата имаат прилика да истражуваат и така го активираат системот за истражување.

Добро чувство и радост

Со активирањето на овие системи генерално се поттикнува добро чувство и радост. Кога истите ќе се активираат се ослободува допамин и окситоци. Тогаш чувствуваме блискост со луѓето. Ова исто така ослободува од стрес и помага да се чувствуваме добро.

Патувањата со семејството даваат голема прилика за интеракција, затоа што тогаш семејството е дистанцирано од обврските од секојдневниот живот – завршува докторката.