ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Патување кога сте бремени
    Патување кога сте бремени

    Патување кога сте бремени

     

    Се прашувате дали Вие и Вашето стомаче кое расте ќе можете да го издржите патувањето на одмор. Дознајте што е сигурно а што не е и спремете се за авантура!

    Дали е време за Вашиот годишен одмор или нааеднаш сте посакале да летнете до Рим или до Банско? Се прашувате дали можете сигурно да патувате во текот на бременоста? Секако, можете! Бремените жени може да патуваат сигурно, удобно и со многу забава. Еве неколку ссовети кои ќе Ви помогнат на Вашиот пат.

    Високоризична бременост и патување

    Лекарите во главно се сложуваат со планот за патување набремените жени, освен за оние кои имаат ризик од хипертензија.

    Време во бременоста кога може да патувате

    Вторите три месеци од бременоста, од 14 до 28 недела, е најдобро време за патување. До тогаш мачнината и заморот од првите три месци во главно ќе поминат, а телото веќе се навикнало на бременоста. Исто така поголем е ризикот од абортус во првите три месеци.

    Патувањето во третите три месеци, се покажало дека е неудобно, посебно поради притисокот на матката на бешиката и додатен ризик од предвремено породување. Лекарите не се сложуваат да се патува повеќе од 100км после 28-та недела на бременоста.

    Но, стручните мислења се разликуваат. Некои лекари се за да се патува ако кај бремената жена е се во ред и до 32-та недела. После тоа не ги оправдуваат долгите патувања со автомобил и препорачуваат да се остане дома после 36-та недела.

     

     

    Медицинската нега на бремените жени за време на патување

    Бремените жени треба да избегнуваат патувања кои би ги однеле далеку од квалитетни здравствени објекти, односно со тоа да оневозможат контролни прегледи ако е потребно. Такви посети на лекар треба да се планираат на секои четири недели помеѓу 10-тата и 30-тата недела на бременоста, после што се зголемува потребата за посета на лекар на секои две недели. Со влегување во 36-тата недела, повеќето гинеколози сакаат да ги видат своите пациентки секоја недела до раѓањето на бебето.

    Бремените жени би требало да закажат преглед пред поаѓање на пат. Оние кои планираат да патуваат на поголема одалеченост, треба да носат со себе копија од својата медицинска документација.

    Патување со автомобил во бременоста

    Кога патувате со автомобил, постојат неколку насоки кои ќе го направат вашето патување удобно и сигурно:

    Идната мајка секогаш треба да го стави појасот, така што ќе го намести под својот стомак.

    Треба да се застанува за тоалет толку често колку што е потребно, и задолжително да се излезе од автомобилот и да се прошета десет минути на секој два часа.

    Треба да се стави перница под нозе и да се носат чевли кои не стегаат.

    Треба да се носат здрави грицки и доволно вода за по пат и истите да се при рака.