• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Печена и варена дуња, лек за повраќање
Печена и варена дуња

Печена и варена дуња, лек за повраќање

Сокот и пулпата од дуњата се одличен природен лек против повраќање, бидејќи делуваат благотворно на дигестивниот систем и ги намалуваат воспалителните процеси.

Дуњата ретко се користи денес во секојдневната исхрана, што е навистина штета во поглед на долгата листа на содржина на лековити и за организмот благотворни својства на ова мирзливо и вкусно овошје.

Златното јаболко или сидонска круша, попозната како дуња, некогаш беше омилено и широко распространето овошје низ цела Европа. Таа потекнува од Југозападна Азија и Медитеранот, и најчесто расте на Блискиот Исток, Латинска Америка и САД, каде што сортите се со помек плод.

Античките Грци ја поврзувале со плодноста и играла важна улога во свадбените веслби, каде што се давала како подарок.  Младите се дарувале со дуња како симбол на љубовта, бракот и плодноста.