ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Перење на облеката на бебето
    Перење на облеката на бебето

    Перење на облеката на бебето

    Како да ја перам облеката на бебето?

    Новата облека доволно е да се испере на 30 степени.

    Облеката на бебето секогаш треба да ја перете одвоено од облеката на возрасните.

    Обоената облека најчесто се пере на 40 степени, а белата облека на 60 степени. За пелени, постелнина и пешкири одберете програм за перње на бели алишта на висока температура (90°) со предперење и вриење. Кога машината ќе заврши со перење можете уште еднаш да го вклучите програмот на плавење, или опција на додатно плавење.

    Облеката која е нова доволно е да ја исперете на 30степени, само да ја симнете прашината која се собира кога гардеробата долго ќе стои во продавница и плакар.

    Постои ли машина за перење со посебен програм за бебиња?

    Постојат машини за перење со посебен беби програм. Беби програмот овозможува облеката да се пере и на температура поголема од 90 степени. На тој начин се овозможува максимално ниво на хигиенско перење на облеката за бебето. Некои произведувачи на машини за перење овозможуваат и опција заклучување на дисплејот на машината , за децата да неможат од радозналост да го променат програмот.

    Кој прашок за перење да се користи?

    Кожата на бебето е многу осетлива и може многу бурно да реагира на одредени супстанци кои се наоѓаат во прашокот за перење. Кога облеката е испрана проверете дали е леплива, под рака може да осетите дека не е добро испрана, па во тој случај би било добро уште еднаш да го вклучите програмот за плавење.

    Да ли е дозволено да се користи омекнувач за алишта наменет за бебиња?

    Кожата на новороденото бебе е многу осетлива, може да реагира на прашокот но и омекнувачот може да придонесе за алергија, која се јавува во вид на црвенило, исипување, перутање на кожата, чешање или иритација на дишните патишта….

    Меѓутоа, доколку сакате облеката на вашето бебе да биде мека и убаво да мириса, набавете специјален омекнувач кој е наменет за осетлива кожа, поточно е наменет за бебешка облека. Таквите омекнувачи имаат многу благ мирис, бидејќи содржат помалку парфем, но ја прават гардеробата помека и нежна на допир.

    Треба да бидете многу внимателни кога купувате омекнувач, за да ги избегнете непријатните алергиски реакции на кожата на вашето дете, избегнувајте средства на кој не е нагласено дека може да се користи од најраните години.

    На што треба да се обрне внимание при купување на прашок и омекнувач?

    При купување на прашок и омекнувач со кој ќе ги перете алиштата на вашето бебе водете сметка да бидат поблаги, со нежен мирис, да се биоразградливи и да содржат адитив од природно потекло. На пакувањето би требало да е назначено дека се дерматолошки тестирани на осетлива кожа, а и ознаката 0+ значи дека може да се користи од најмала возраст, односно уште од раѓање.