Пет проблеми во модерното воспитување поради кои родителите стануваат “робови” на своите деца
Денес работите полека излегуваат од контрола кога е воспитувањето во прашање, сметка една искусна дадилка. Загрижена во какви луѓе ќе пораснат нашите деца, одлучила да крене внимание на пет најсериозни проблеми на модерното родителство.
Ема Џенер, британска дадилка и автор на книгата “Биди смирен родител”, работела со деца и родители на два континенти во текот на две децении и сериозно е загрижена поради начинот на кој денешните деца се одгледуваат. Еве пет проблеми кои таа смета дека се најсериозни:
Се плашиме за сопствените деца
Децата имаат премногу контрола над родителите, а тоа покажува го покажува еден едноставен тест, вели Ема.
“Ако ајката му стави на детето млеко во плава шоља, а тоа каже дека сака да пие од друга шоља, внимателно набљудувам како родителот реагира. Во поголемиот број на случаеви брзаат да го префрлат млекото во друга шоља додека детето не збесне. Голема грешка! Од што се плашите мајки?”
Не очекуваме мнпгу
Кога децата лошо се однесуваат, без разлика дали се работи за јавно место или пак во четири ѕида, родителот ги крева раменицитеи и вели “Па такви се децата”.
Верувајте ми, не мораат да бидат такви, вели Ема, додавајќи дека децата се далеку поспособни од родителите, проценуваат, без разлика дали се работи за манири, почитување на стари или пак работа по дома, дарежливост или самоконтрола. Мислите дека детето не е во ситуацја да седи во текот на вечерта во ресторан? Глупости.
Единствена причина што се однесуваат како што не треба е тоа што не сте ги научиле што очекувате вие од нив. Едноставно е! Подигнете ги своите стандарди и детето ќе се прилагоди на истите.
Не ги прифаќање мислењата и советите од другите
Некогаш возачите на автобус, наставниците, продавачите и останати родители “имале право” да го предупредат детето доколку лошо се однесува. Тие биле очи и уши на родителите кои не се присутни, а сите правела со една иста цел:
Издигнување на пристојно момче или девојче. Тие биле поддршка на родителите. Денес, кога некој кој не е родител ќе се осуди да го опомене детето, мајката или таткото полудуваат. Нивното дете е совршено, така што често не го прифаќаат мислењето на родителите од страна кои мислат поинаку.
Се ослонуваме на пречките
“Одлично е што родителите имаат разни електронски направи да им помогнат во текот на патувањето или пак кога одат на доктор. Денес родителите се исклучително зафатени за разлика од порано и секогаш сум за тоа да им се олесни колку што е можно повеќе”, вели искусната дадилка.
Детските потреби секогаш се на прво место
Добро е што децата на родителите им се приоритет. Но денес, се е отидено предалеку, предупредува Ема, бидејќи родителите ги занемаруваат своите потреби и своето ментало здравје поради своите деца. “Постојано гледам мајки кои одново и одново стануваат од кревет да му удоволат на детето, или татковци кои се оставаат за да истрчаат по пијачка за својето жедно дете”.
Сосема е нормално таткото да каже:” Секако дека можеш да добиеш вода но ќе земеме и ќе застанеме на првата продавница. Да се каже “не” од време на време на е е толку лошо, како што не треба д асе бара од детето да се забавува додека вие одите во тоалет или пак припремате ручек.
“Се плашам дека ако не почнеме да ги поправаме грешките, нашите деца ќе пораснат во саможивни, нестрпливи и безобразни особи. Тоа нема да биде нивна вина, туку наша. Никогаш не сме ги научиле поинаку, нити пак повеќе од тоа сме очекувале од нив.
“Очекувајте повеќе. Ајде заедно да ги доведеме децата во ред и да ги припремиме на време да бидат самостални и усшни во вистинскиот свет, а не во светот кој ние сме го створиле за нив”, порачува Ема.