ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  ПЕТ РАБОТИ КОИ НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ ДОБИЕТЕ БЕБЕ
    ПЕТ РАБОТИ КОИ НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ ДОБИЕТЕ БЕБЕ

    ПЕТ РАБОТИ КОИ НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ ДОБИЕТЕ БЕБЕ

    Заедничкиот живот помеѓу мажот и жената може да биде многу романтичен, динамичен и интересен, а малите навики како гледање на омилената серија или читање на книга се многу слатки. Но, доаѓањето на детето во семејството со себе  носи и одредени одрекувања за кои новопечените мајки не се свесни. Ги прашавме мајките и тие со насмевка се присетуваат на 5 работи кои престанале да ги прават кога на свет дошло детето.

    Носење бело

    Белите пантолони и омилената бела маица после доаѓањето на детето ставете ги длабоко во плакарот. Откако ќе ве допрат лепливите рачиња или ќе ве бакнат замачканите слатки уснички, белото веќе никога нема да биде бело. Олеснете си го животот и преминете на дезенирана облека.

     Користење на бањата во мир

    Се за што треба повеќе време од туширање набрзина и јуришање во тоалетот во вашиот нов период од животот ќе претставува прав луксуз. Капењето и опуштањето во када или чистењето лице и депилацијата ќе биде можно единствено со помош на тато или баба сервис.

     Да ја прочитате книгата  која има поглавја

    Да седнете, да ја отворите книгата, да се исклучите и да прочитате нешто повеќе ќе ви стане невозможна мисија. Бидете спремни книгата да ја замените со часописи во кои е се кратко и јасно.

    Да го завршите телефонскиот разговор

    Зборовите како “благодарам”, “се слушаме” и “ајде здраво!” тешко ќе ги изговарате. Со слушалката на уво и со детето во скут секој разговор ќе биде многу краток и често ќе завршува со зборовите:“извини, морам да прекинам!”. Гледајте на тоа од поведрата страна, вашата телефонска сметка ќе биде многу помала..

     Да се гледа омилената серија

    Ако до сега сте сакале во ноќните часови да ја гледате својата омилена серија сега тоа може да го заборавите. После 22 часот вашите очи нема да можат да издржат да бидат отворени без помагало како чачкалици. Хранењето, капењето, менувањето на пелени и смирувањето на детето ќе го прекине вашиот дотогашен ритам и ќе го претвори во нешто сосема друго, кое ќе ве исполнува на различен начин.