
5 работи кои никогаш не треба да им ги кажете на децата
Вашите зборови можат да имаат длабоко емоционално влијание над вашето дете.
Зборовите можат да ве прободат како мач, затоа користете ги паметно и со љубов, особено кога комуницирате со децата. Иако вас ви се чинат како невини, вашите зборови можат длабоко емоционално да го повредат детето и да остават последици затоа што детето ги впива сите зборови и под нивно влијание прави слика за себе.
1.Ако не престанеш со тоа ќе те оставам тука!
Застрашувањето со напуштање за да го постигнете тоа што го сакате не е средство кое ја оправдува целта. Загрижените родители тоа нема да го користат. Детето мора да знае дека родителите никогаш нема да го напуштат.
2.Зошто не си како твојот брат/сестра?
Никој не сака да го споредуваат со друг во негативен контекст. Така настануваат комплексите.
3.Како ќе кажам јас!
Ете зошто! Децата заслужуваат и објаснување.
4.Остави, јас ќе го направам тоа!
Децата треба да научат да се потпираат на своите вештини и способности, така ќе стекнат сигурност и самопочитување.
5.Ти си лошо дете!
Ако отворено зборувате и потенцирате дека вашето дете е лошо, тоа така и ќе се однесува. Ако веќе морате да го искарате, кажете му отворено дека тоа што го прави е лошо.