5 знаци дека сте го одбрале вистинското име за вашето бебе
Покрај толку премислувања и несигурности, изборот на име навистина знае да биде стресен. Погледнете по што ќе знаете дека сте донеле добра одлука.
Некои идни мајки и татковци имаат омилени имиња уште многу пред детето да се роди, а некои се предомислуваат повеќе пати во текот на бременоста и не се сигурни за името дури и откако бебето ќе се роди. Иако изборот на име е интересен и забавен дел од припремата за доаѓањето на детето, една е од најголемите одлуки кои ќе морате да ги донесете, затоа што одбраното име ќе го прати вашето дете целиот живот.
Овие пет едноставни знаци можат да ви покажат дали добро сте го одбрале името за вашето дете.
1.Предизвикува насмевка
Кога ќе им кажете на луѓето кое име сте го одбрале, повеќето од нив се насмевнуваат. Името не предизвикува чудење и чудни погледи.
2.Расте со вашето дете
Името му прилега на вашето дете и на возрасна личност, без разлика дали тоа ќе стане рок ѕвезда или претседател на држава.
3.Има посебно значење за вас
Ако детето го наречете по драга личност од вашиот живот, ќе ви значи многу и вам и на вашето дете, било да е тоа некоја прабаба или лик од омилената книга.
4.Сакате да го изговарате
Името совршено прилега со вашето презиме и со нетрпение чекате да почнете да го корстите пред детето и сите други.
5.Му одговара на вашето бебе
Кога за прв пат ќе го здогледате вашето бебе, едноставно знаете дека добро сте одбрале.